На денешен ден: Руската полиција го слави својот професионален празник по стоти пат

Милиција

Милиција

Борис Кавашкин/RIA Novosti
Во 1917 година беше формирана првата милиција, додека денес нејзин наследник е Министерството за внатрешни работи на Русија.

Годинава речиси сите руски органи на власта ќе прослават еден век од своето постоење, затоа што по револуцијата во 1917 година (7 ноември според Грегоријанскиот календар) најголем број од овие ресори беа основани и сѐ уште работат на еден или друг начин.

Три дена по Револуцијата (10 ноември) комесарот за внатрешни работи потпиша наредба со која се основа Работничката милиција. Руската Милиција беше самоорганизирана, пролетерска полициска сила која стоеше како пандан на царската професионална полиција. Милицијата се грижеше за владеењето на правото сѐ до 2011 година кога беше преименувана во полиција.

Националниот Ден на полицијата се слави ширум Русија и од раните 2000-ти се одржуваат големи концерти во Државната палата во Кремљ.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе