Фотографии на советски лидери кои претходно не сте ги виделе

Дали сте знаеле дека Брежнев за малку ќе го загубел животот за време на лов? Или дека Горбачов бил најголемиот жетвар во својот колхоз? Погледнете ги овие ретки фотографии на советските лидери.

Во Втората светска војна идниот лидер на Советскиот Сојуз Никита Хрушчов бил прв секретар на Комунистичката партија на Украина. На фотографијата тој и маршалот Георгиј Жуков (десно) топло се дочекано од ослободените Киевјани во ноември 1943 година.

Никита Хрушчов многу сакал да лови риба. Но уште повеќе сакал да лови крупен дивеч.

Уште еден вљубеник во ловот бил неговиот наследник - Леонид Брежнев. Таа страст за малку ќе го чинела живот. Еднаш тој застрелал вепар и смело тргнал кон него. Но животното било само рането и одненадеж јурнало кон ловецот. Два истрела од друг ловец му го спасиле животот на Брежнев. Вепарот го преживеал и тоа и избегал во шумата.

Генералниот секретар на Комунистичката партија на СССР ги сакал и  друштвените игри. На пример, домино.

Брежнев сакал да одмора на Крим. Го гледаме овде на лежалка во одморалиштето Нижна Ореанда покрај Јалта 1982 година.

Брежнев со правнуката Галина на Крим.

Пред да стане Генерален секретар на Комунистичката партија на СССР, Јуриј Андропов 15 години беше прв човек на КГБ. Го наследи Брежнев на 12 ноември 1982 година, но почина само 15 месеци подоцна. На фотографијата го гледаме Андропов како студент на школата за Бродски транспорт во Рибинск 1936 година.

Константин Черненко раководеше со земјата уште пократко од Андропов – малку повеќе од година дена. На оваа фотографија направена на Крим тој го држи в раце внукот Митја.

19-годишниот Михаил Горбачов (фотографија направена 1950 година) со Орден на црвеното работничко знаме кој го заслужил како најдобар жетвар во својот колхоз 1947 година.

Крајот на една епоха. Последниот ден на Горбачов на функцијата претседател на Советскиот Сојуз, 25 декември 1991 година.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе
Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња