Атентатот врз царот Александар II во 1879
Јавен доменАлександар II беше познат како „царот-ослободител“ по укинувањето на крепосното право во Русија. Иако Александар беше единствениот цар во историјата на Русија кој преживеал 5 обиди за атентат, шестиот заврши со негова смрт.
Член на револуционерната организација „Народна волја“ фрли бомба пред царот на 1 март 1881. Александар почина по неколку часа. Царот тој ден планираше да потпише нова уставна реформа.
Две години подоцна, на 18 октомври 1883, Александар III, син на Александар II и наследник на тронот (татко на Николај II), нареди да се подигне соборен храм на местото каде што се случи терористичкиот напад – на Екатеринскиот канал (сегашен Грибоедов канал), недалеку од Невскиот проспект.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче