Советскиот брод кој му помогнал на аргентинскиот „Генерал Белграно“

AP
На 2 мај 1982 година се случи еден од најконтроверзните настани во Фолкландската војна – британската нуклеарна подморница HMS Conqueror го потопи крстосувачот „Генерал Белграно“. Во нападот загинаа 323 млади аргентински морнари. Во спасувачката операција на Аргентинците учествуваше само еден странски брод – советски.

„АРА Генерал Белграно“ беше крстосувач на аргентинската морнарица кој претходно, под американско знаме и под името USS Phoenix, учествуваше во Втората светска војна. Овој брод го преживеал познатиот јапонски напад на Перл Харбор и има учествувано во многу воени операции во Тихиот океан сè до капитулацијата на Јапонија.

Под аргентинско знаме 

Во 1951 година крстосувачот е продаден на Аргентина и служел под името ARA 17 de Octubre (17 октомври). Четири години подоцна, на 16 септември 1955, го добива името „Генерал Белграно“ (Ц-4), во чест на аргентинскиот војсководец, генерал, дипломат и еден од водачите на борбата за независност Мануел Белграно, кој во 1799 година ја основал Поморската школа на оваа земја. 

АРА Генерал Белграно, 1950.

Дваесет и седум години подоцна, на 16 април 1982, под команда на Хектор Бонзо, крстосувачот пловеше кон островот Естадос, за да изврши надзор и пресретнување на непријателските единици. Аргентинската воена хунта истиот месец ги окупираше Фолкландските острови. Ниту Аргентина, ниту Британија не објавија војна, но Британците почнаа да ја обновуваат својата колонија и испратија дополнителни воени единици. 

Потона! 

Капетанот на нуклеарната подморница HMS Conqueror Крис Врефорд Браун на 2 мај нареди да се нападне крстосувачот „АРА Генерал Белграно“. Застарениот аргентински брод се наоѓаше надвор од неутралната зона од 200 наутички милји околу спорниот јужен архипелаг, која ја прогласи само Обединетото Кралство Велика Британија. Капетанот на морнарицата која го пронајде аргентинскиот брод со помош на американските сателити, ја прими наредбата лично од британската премиерка Маргарет Тачер. 

Два торпеда Mark VIII тоа попладне исполнето со бури го погоди бродот кој почна да тоне во 16.15. На бродот се наоѓаше 1091 член на екипажот. Еден од нив, Алехандро Перез, подоцна го рече следново за списанието Diario Popular:

Не знаевме што да правиме, не знаевме каде сме погодени. Чекавме команда која не стаса, зашто торпедата ја запреа работата на сите генератори“. 

Посадата требаше да биде евакуирана. Тенор Дарио Волонте за списанието La Nacion се сеќава на ужасните моменти во кои екипажот на бродот барал излез од таа смртоносна замка:

Убаво се сеќавам на тоа. Излегувавме и ги одведувавме оние кои беа повредени...“ 

Бродот потоа во 17 часот. 323 Аргентинци не преживеаја (процените велат дека ударот на торпедото можело да убие 274 члена на екипажот), другите загинале од повреди и од смрзнување. Многумина преживеани аргентински морнари минале часови, а некои и повеќе од еден ден, пловејќи на претоварените чамци, во силна бура на температура под нулата.

Спасувачка операција 

Четири авиони и аргентинските бродови Gurruchaga, Bahía Paraíso, Bouchard и Piedrabuena тргнаа на помош штом ја добија веста за трагедијата. Во бурата која шибаше низ јужниот Атлантик требаше да се лоцираат очајните морнари.

Во зори на 5 мај првите преживеани стасаа на пристаништето во Ушуаја. Потрагата по исчезнатите морнари и телата на загинатите продолжи до 9 мај. Вкупно беа спасени 793 членови на екипажот. 

Рускиот брод кој тргна на помош 

Неколку рибарски бродови кои дознаа за инцидентот испратија радиограми на сопствениците на бродови во СССТ кои се обратија на Министерството за надворешни работи и добија дозвола од министерот за рибарство на Руската Федерација Владимир Каменцев. 

Бродот БМРТ „Белокаменск“

Бродот БМРТ „Белокаменск“, под команда на капетанот Ревков, е првиот кој стаса на ова подрачје. Потоа се говореше дека тоа бил шпионски брод, но тоа никогаш не беше потврдено. Доколку тоа е вистина, шпионскиот брод ја прекинал својата наводна шпионска мисија цела недела за да им помогне на Аргентинците во спасувањето животи. Инженерот на бродот Василиј Терентјев подоцна изјави: „Повеќе не се надевавме зашто температурата на водата не се искачуваше над седум степени, ни никој не можеше да преживее толку долго“. 

Единственото што советските рибари успеаја да извлечат од водата се трупови на тројца морнари во црвени елеци за спасување и уште три такви елечиња. Телата на несреќните морнари биле во ужасна состојба – галебите им ги изеле очите и усните. Беа однесени во ладилници кога од Москва стаса наредба да се запре потрагата. Рускиот брод отплови до најблиското пристаниште во Аргентина каде на морнарите им беше забрането да излезат. Не треба да се заборави и на тоа дека иако во Фолкландската војна СССР го примени начелото „непријателот на мојот непријател е мој пријател“, односите помеѓу аргентинската десничарска диктатура и Советите не можеа да бидат во полоша состојба. Според пишувањата на Дмитриј Татарков во својот труд „Судирот во јужен Атлантик: Фолкландската војна“, пронајдените тела биле префрлени на аргентински брод кој ги однел на пристаништето.

АРА Генерал Белграно

И покрај политичките разлики со Аргентина, агенцијата ТАСС ја објави следнава вест за нападот на аргентинскиот брод:

„Советскиот Сојуз се спротивставува на колонијализмот во кој било облик и е уверен дека обновувањето на колонијалниот статус на Фолкландските острови недопустливо. Островите ѝ припаѓаат на Аргентина и СССР се противи на агресивниот и колонијалистички став на Лондон искажан во воената авантура на Маргарет Тачер и на нејзината конзервативна влада“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња