Како соборен советски пилот успеа да грабне германски „Месершмит“

Германски војник позира до соборен Ил-2 во Русија

Германски војник позира до соборен Ил-2 во Русија

BArch
Неверојатната приказна за Т. Кузнецов често се појавува во книгите за воздушните битки во Втората светска војна. Дали е вистина или фикција, проценете сами. Но, приказната е доволно добра за да ја споделиме со вас.

Во 1942 година, набрзо по нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз, советскиот пилот Т. Кузнецов се враќал во својата база од извидувачка мисија над окупираната територија. Во близина на Калинин (денес Твер), го нападнале германски ловци „Месершмит 109“. И покрај сите маневрирања, обиди да го избегне непријателскиот оган, неговиот „Илјушин-2“ бил соборен.

Ил-2 снимен од непријателски авион

Пилотот успеал безбедно да слета, брзо го напуштил авионот и се скрил во блиската шума, плашејќи се дека Германците ќе продолжат да пукаат по него.  

Прилика која не се пропушта

А потоа се случило нешто што потсетува на сцени од филмовите на Квентин Тарантино, за што пишуваат авторите на книги за историјата на воената авијација (W. Liss „Aircraft Profile 88: Ilyushin Il-2“, H. Skaarup „RCAF War Prize Flights, German and Japanese Warbird Survivors“).

На преголемо изненадување на Кузнецов, еден „Месершмит“ одлучил да слета на местото на несреќата. Таквите сцени не биле вообичаени, но се случувало триумфаторот да посака да си земе сувенир: дел од авионот, оружјето на пилотот... Германците така докажувале дека непријателот е елиминиран.

Штом Германецот се нашол близу соборениот „Илјушин“, советскиот пилот потрчал најбрзо што може и седнал во кабината на „Мсершмитот“. Сето тоа се случувало пред очите на збунетиот германски пилот, кому не му останало ништо друго освен да гледа од далечина.

Messerschmitt Me-109

Мисија: Враќање дома

Кога веќе бил на небото, нашиот јунак малку се загрижил, затоа што ниеден еден руски пилот и ниедна противвоздушна одбрана не би помислила дека со „Месершмит 109“ со црн крст на крилата може да управува советски пилот.

За среќа на Кузнецов, и според изворите со кои располагаме, судбината му помогнала да ја преживее оваа неверојатна авантура и да биде награден со медал Херој на Советскиот Сојуз.

За него се знае и дека германската ПВО го соборила 1944 година над Полска, дека и покрај повредите успеал да слета, да го напушти својот нов Ил-2, но што се случило потоа, не знаеме. Продолжуваме да бараме повеќе податоци за Т. Кузнецов.

Ил-2 надлетува германски град

Стварност или фикција? Приказните од животот понекогаш можат да бидат многу подобри од измислените.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња