Фабриката „Москвич“ следната недела почнува со склопување автомобили, соопшти градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Притоа тој изрази надеж дека следната година фабриката ќе достигне обем на производство што може да се мери со претходниот период, кога компанијата ѝ припаѓаше на компанијата „Рено“. Се очекува до крајот на тековната година во Москва да бидат составени првите 600 автомобили од марката „Москвич“, со тоа што една третина од нив ќе имаат електричен погон.
Ќе има два модели, барем во првата фаза. Првиот е GAC GS4. Станува збор за прилично едноставен кросовер со погон на предните тркала, со варијатор и 1,5-литарски турбо-мотор. А вториот автомобил ќе биде електричен „Москвич“ кој може да помине 400 километри без полнење, со батерија со капацитет од 50 киловат часови (kWh), во иста каросерија како GS4, само на електричен погон и со декларирана брзина на полнење од домашната мрежа од осум часа и брзо полнење за 45 минути. Цените засега не се објавени. Може да се претпостави дека основниот модел на автомобилот ќе чини помеѓу 1,6 (25.500 евра) и 1,8 милиони рубли (28.700 евра). Засега не се знае што ќе биде со цените на електричниот автомобил, бидејќи не е јасна неговата база, но сосема е сигурно дека нема да биде поевтин од бензинецот, туку најверојатно ќе биде поскап за 10-20%, т.е. ќе чини 2,2 или 2,3 милиони (35.000 или 36.700 евра), можеби дури и 3 милиони рубли (48.000 евра). Во моментов, електричните автомобили се во основа поскапи од автомобилите на бензин.
Фабриката „Москвич“ е поранешна сопственост на компанијата „Рено“. Во средината на мај 2022 година Французите објавија дека ги продаваат сите свои руски активи на градот Москва. Според договорот, на московските власти им беа предадени 100% од акциите на претпријатието „Рено Русија“ кои ѝ припаѓаа на компанијата „Рено“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче