На анкетирани Руси им се потребни 205 илјади рубли (3.500 евра!) месечно за да бидат среќни

Konstantin Kokoshkin/Global Look Press
На Русите им требаат просечно 205 илјади рубли месечно (околу 3.500 евра) за да бидат среќни. Најголеми побарувања имаат жителите на Москва, Ростов на Дон и Владивосток. Ова го покажуваат резултатите од анкетата објавена во понеделникот на онлајн сервисот за барање работа SuperJob.

Анкетата е спроведена од 30 септември до 3 ноември. Во неа учествуваа преку 20 илјади претставници на економски активното население на земјата, вклучувајќи ги жителите на најголемите градови со број на жители од преку половина милион луѓе.

„За шест месеци „цената“ на среќата скокна за речиси 8%: од 190 илјади рубли месечно на 205 илјади. На мажите за среќа им се потребни повеќе пари отколку на жените: 226 во однос на 182 илјади рубли (односно околу 3.900 и 3.100 евра). Колку испитаниците се постари, толку нивните желби се поголеми: 105 илјади рубли (околу 2.600 евра) меѓу младите до 24 години и 222 илјади рубли кај Русите постари од 45 години“, се наведува во резултатите на испитувањето.

Анкетата исто така покажа дека паричните барања се сé поголеми со зголемувањето на нивото на реалните приходи.  Така што на граѓаните со плата до 50 илјади рубли (850 евра) месечно за среќа им се доволни 160 илјади рубли (околу 2.700 евра), додека на оние што заработуваат 80 илјади рубли (1.400 евра) им се потребни во просек 225 илјади рубли (3.900 евра).

Меѓу петте градови со најголеми барања, според податоците на SuperJob, спаѓаат Москва (250 илјади рубли или 4.300 евра), Ростов на Дон (205 илјади рубли или 3.500 евра), Владивосток, Екатеринбург, Краснојарск и Тјумен (по 200 илјади или 3400 евра. Санкт Петербург (197 илјади), како и Хабаровск и Новосибирск (по 195 илјади). Најскромни плати посакуваат луѓето во (150 илјади рубли или 2.600 евра), Рјазан (152 илјади) и Ижевск (155 илјади).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња