Русија, Москва, во просториите на „Сбербанк“.
Артјом Геодакјан/TASSГледано во целина, руските банки не даваат потрошувачки кредити на странски државјани. Постојат две причини за тоа: постои висок ризик парите да не бидат вратени и не е лесно да се провери кредитната историја на заемопримачот. Денес, најголемите руски банки немаат специјални програми за кредитирање на странски државјани. Од друга страна, странците сепак можат да поднесат барање кое подразбира хипотека на стекнатата недвижност. Во тој случај банката има гаранција дека парите ќе бидат вратени.
Од 1 март 2022 година странските граѓани можат да добијат станбен кредит во банка на РФ само доколку нивната матична земја не е на списокот на недобронамерни земји. Тој список го донесе владата на Руската Федерација, а во него сега има 49 земји за чии државјани важи посебен поредок за реализација на финансиски операции. Тоа значи дека, на пример, граѓаните на САД, Канада, Велика Британија, Јапонија и повеќето земји од ЕУ не можат да добијат станбен кредит во Русија. Но, затоа државјаните на сите други земји (Бразил или Индија, на пример) можат да подигнат таков кредит во руска банка.
За комплетниот список на документи треба да се распрашате во банката при поднесувањето на барањето.
Нема многу руски банки кои даваат кредити на странски државјани. Од поголемите, има само две: „Сбербанк“ и „Рајфајзенбанк“.
Во „Сбербанк“ заемопримачот може да смета на станбен кредит во износ од 300 илјади до 100 милиони рубљи, со тоа што мора да има најмалку 21 година, а најмногу 75 години, а неговиот работен стаж на тековното работно место не смее да биде помал од три месеци. Станбениот кредит важи за плац или недвижнина со плац на територијата на Москва, Московската област и Санкт Петербург (со исклучок на Кронштатскиот реон). Во „Сбербанк“ ни рекоа и дека заемопримачот треба да биде учесник во платниот проект на банката.
Во „Рајфајзенбанк“ се разгледуваат барањата на странски државјани од 21 до 65 години старост со најмалку 6 месеци работен стаж и најмалку една година вкупен работен стаж. Доколку работното место е во Москва, услов е платата да не биде помала од 20 илјади рубли. Станбениот кредит може да изнесува најмногу 40 милиони рубли.
Каматната стапка за странци се одредува при разгледувањето на барањето и може да биде повисока отколку за граѓаните на РФ, бидејќи кредитите за странци не се опфатени со државните програми за поддршка и посебни акции. Можно е да биде потребен ко-потписник (обично тоа е брачниот другар) за да се добијат средствата.
Се препорачува странскиот државјанин да аплицира за кредит во филијала на банка, а не преку интернет, бидејќи така има поголеми шанси правилно да ги пополни сите формулари и да добие позитивен одговор. Одговорот на банката обично пристигнува за 10-16 работни дена.
Странските државјани можат да бараат кредит во микрофинансиските организации (МФО) бидејќи проверките таму не се толку детални. Но, и за нив важи декретот за недобронамерни земји. Покрај тоа, каматата во МФО може да биде поголема (1% дневно), а првиот кредит може да има лимит од само 10 илјади рубли.
Се смета дека МФО полесно даваат кредити отколку големите банки, но тие организации главно работат со државјани на Руската Федерација или на Заедницата на независни држави. На пример, сервисот „Одиме“ (Пойдем!) опслужува клиенти од Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Таџикистан. Преку сервисот „Златна Круна“ (Золотая Корона) кредит, покрај веќе наведените, можат да добијат и државјани на Азербејџан, Грузија, Белорусија и Молдавија.
За подигање кредит доволни се пасош на државјанин на странска земја, дозвола за престој во РФ (миграциона картичка / дозвола за престој / привремен престој) и регистрирана адреса на живеење (привремена или постојана).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче