Сите граѓани на Русија добија право на бесплатен хектар на Арктикот

Сергеј Фомин/Global Look Press
Стапи на сила законот за бесплатно доделување арктичка земја на руските државјани.

Жителите на сите региони на Русија добија право на бесплатен плац во арктичката зона. Соодветниот закон стапи на сила на 1 февруари 2022 година, соопштува „Росијскаја газета“. Досега „арктички хектар“ можеа да добијат само жителите на териториите што се наоѓаат на Арктикот.

Како што истакнува весникот, руските граѓани имаат право на земја во шест региони. Тоа се Мурманската област, Ненецкиот автономен округ, Јамало-Ненецкиот автономен округ, Карелија, Република Коми и Архангелската област. Барање може да однесе едно лице или група лица (најмногу десет). Земјиште може да им биде доделено и на сонародници кои живеат во странство доколку доброволно се преселат во Руската Федерација.

Плацот може да се избере на официјалниот портал на програмата, каде што е објавена и интерактивна карта со достапните парцели. По пет години земјиштето може да прејде во трајна сопственост на корисникот доколку во меѓувреме биде култивирано.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња