Основачот на онлајн-продавницата Wildberries и најбогатата жена во Русија, Татјана Бакаљчук за „Форбс“ дека има неутрален однос спрема рејтинзите. Така оваа деловна жена го коментираше рекордниот раст на својот капитал во 2021 година.
„Не мислам дека нешто се промени во мојот живот или во самата компанија“, рече Бакаљчук.
Таа додаде дека нејзината главна задача е унапредување на онлајн-платформата Wildberries, како и создавање „најдобра средина за развој на претприемништвото во Русија“.
Русинката според растот на капиталот во 2021 година ги надмина сите милијардери во светот. Имотот на Бакаљчук порасна за над 1000 отсто за една година. Основачот на Wildberries се наоѓа на 165 место меѓу најбогатите луѓе на планетата со капитал од 13 милијарди долари. На руската ранг-листа се наоѓа на 13 место. Бакаљчук лани беше на 93-та позиција со една милијарда долари.
Вкупниот имот на руските милијардери од почетокот на годината се зголеми за речиси 38 милијарди долари. Најмногу се збогати косопственикот на компанијата „Новатек“ Леонид Михељсон (стана побогат за 6 милијарди долари и сега има имот од 30,8 милијарди долари).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче