Ваква проценка изнесе Ана Михајлова, менаџер за развој на бизнис во групата компании Angara, специјализирана во сферата на информациската безбедност.
Михајлова укажува на фактот дека прекинот индиректно се одразил на целата инфраструктура на интернетот. „Дури и операторите на телекомуникациските мрежи во Русија почувствуваа практично спонтани DDoS напад поради корисниците кои се обидуваа да дознаат што се случува“, изјави таа, додавајќи дека протокот на податоци во сервисите за контрола на пристапот бил многукратно зголемен.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изјави дека Русија мора да развие свој сегмент на информасиско-комуникациските технологии за да избегне слични проблеми во иднина.
„Не станува збор само за незадоволството на мачињата чии сопственици не ги објавија нивните фантастични фотографии. Станува збор за бизнисот, и тоа не само за големите компании, туку и за бизнисот на луѓето кои тргуваат преку тие социјални мрежи, примаат нарачки и нудат услуги таму. Тоа не се илјадници, па дури ни стотици илјади корисници, туку милиони луѓе и компании од малиот и среден бизнис ширум светот“, рече Захарова.
До прекин на работата на социјалната мрежа „Фејсбук“ дојде на 4 октомври. Тоа беше најсериозниот и најдолг прекин уште од 2008 година. Проблеми имаа и Instagram, WhatsApp и други популарни мрежи. Стручњаците на технолошкиот гигант успеаја да го отстранат дефектот дури по шест часа. Прекинот беше предизвикан од ажурирањето на динамичниот протокол за рутирање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче