Колку долго ќе траат резервите на нафта и гас во Русија?

Nikolay Gyngazov/Russian Look
Во последните 25 години во Русија се откриени десетпати помалку нови резерви на нафта и гас отколку во претходните четвртина век, соопштува рускиот државен геолошки холдинг „Росгеологија“.

Резервите на нафта во Русија се доволни за наредните 30 години, соопшти геолошката корпорација „Росгеологија“.

Русија има резерви на нафта доволни за наредните 30 години, а резерви на гас за седумдесет, под услов експлоатацијата да продолжи со сегашното темпо, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на презентацијата на рускиот државен геолошки холдинг „Росгеологија“.

Во последните 25 години во Русија се откриени десетпати помалку нови резерви на нафта и гас отколку во претходните четвртина век, беше соопштено од овој ресор. Резервите во многу наоѓалишта од советската ера се при крај. Секторот за експлоатација обезбедува повеќе од 70 проценти од извозните приходи на земјата, така што поддршката на експлоатација е стратешка задача на Русија, соопшти „Росгеологија“. 

Првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер изнесе кон средината на септември многу пооптимистички податоци поврзани со резервите на гас во Русија. Според него, експлоатацијата нема да биде запрена во следните сто години, а некои наоѓалишта, кои компанијата ги разви на Јамал, ќе можат да работат до 2132 година.

И од Федералната агенција за рудни ресурси „Роснедра“ се слушнаа прогнози различни од очекувањата на „Росгеологија“, но во насока на намалување. Тие сметаат дека рентабилни резерви на нафта во Русија при актуелните технологии за експлоатација има доволно за максимум 21 година. Најперспективен регион за истражување е западен Сибир. Нафтените наоѓалишта во Источен Сибир засега не се привлечни за учесниците на пазарот поради слабиот развој на инфраструктурата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња