Унгарија се подготвува де се приклучи на „Турски тек“ преку Србија

Global Look Press

Унгарскиот оператор на гаснотранспортната мрежа соопшти дека е донесена инвестициска одлука за продолжување на гасоводот со кој од Србија во Унгарија ќе се доставува гас од цевководот „Турски тек“, пренесува новинската агенција РИА „Новости“.

Во соопштението на компанијата се наведува дека регулаторот го усвоил десетгодишниот развоен план кој вклучува изградба на нов српско-унгарскси гасовод-интерконектор со капацитет од шест милијарди кубни метри гас на годишно ниво.

Како што е планирано, новиот гасовод ќе започне со работа на први октомври идната година.

Претседателот на РФ Владимир Путин претходно изјави дека Русија го поздравува приклучувањето на Унгарија на проектот за гасоводот „Турски тек“. Според него, Унгарија има интерес да учествува во проектот „Турски тек“ од аспект на осигурувањето на својата енергетска безбедност, како и генералното зголемување на улогата во енергетиката на Европа.

„Турски тек“ е руски гасовод со кој синиот енергенс се доставува во Турција по дното на Црното море. Пуштен е во работа на почетокот на оваа година. Неговиот проектиран капацитет изнесува 31,5 милијарди кубни метри гас на годишно ниво.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња