Официјално: Путин и Ердоган го пуштија во работа „Турски тек“ (ВИДЕО)

AP

Претседателите на Русија и Турција - Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган - го пуштија во работа гасоводот „Турски тек“. Официјалната церемонија на ставање во функција се одржа во конгресниот центар „Халич“ во Истанбул, јави ТАСС.

Руската ТВ „Русија 24“ го пренесуваше настанот во живо на својот канал на „Јутјуб“.

Од руска страна на настанот присуствуваа министерот за енергетика Александар Новак и првиот човек на „Газпром“ Алексеј Милер, кои прочитаа извештаи пред церемонијата на започнување на испораките преку гасоводот. Покрај тоа, учесниците на настанот погледнаа и видеопрезентација на проектот. На настанот присуствуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Ердоган ги покани сите постари високи на сцената на церемонијата на пуштање во работа на гасоводот. Кога претседателот Владимир Путин, српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот премиер Бојко Борисов, министрите за енергетика на Русија и Турција и другите истакнати гости се собраа, турскиот лидер рече дека има изненадување за сите.

Во тој момент тој ги замоли да направат чекор напред кон двата инсталирани на сцената симболични краци на цевководите. На едниот од нив беше напишано на руски „Турски тек“, а на другиот натписот беше на турски – „Türkakim“. Според замислата на режисерите на свечената церемонија, од просторот под сцената се издигна уште еден елемент на цевководот, означен на англиски со „Turkstream“ и опремен со гасен вентил кој ги поврзува двете делници. Ердоган ги покани Путин, Вучиќ и Борисов да му се придружат и, симболично вртејќи го вентилот, даде старт на работата на новиот гасовод. Почесните гости со задоволство се приклучија на тој момент на настанот, по што се ракуваа.

Рускиот гас преку гасоводот „Турски тек“ почна да тече кон Бугарија од 1 јануари, а од 5 јануари Македонија и Грција почнаа да примаат руски гас преку новата компресорска станица „Странџа-2“ во Бугарија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња