Сакаш Путин да ти биде сосед? Објавена цената на становите во близина на Кремљ

Legion Media

Во најстрогиот центар на Москва, во радиус од два километри од Кремљ, почетната цена на квадратен метар изнесува 951 илјада рубли (околу 11,7 илјади евра), пишуваат руските медиуми повикувајќи се на податоците што ги објави компанијата Sminex.

Просечната цена на квадратот на примарниот пазар во голема мера зависи од тоа за каков вид станбен простор се работи. Така, еден квадрат на стан чини 1,027 милиони рубли (околу 12,7 илјади евра), на пентхаус стан 2,067 милиони рубли (околу 25,5 илјади евра), а на пентхаус апартман 2,206 милиони рубли (околу 27,2 илјади евра). 

Според експертите, квалитетна недвижнина во близина на Кремљ секогаш ќе биде барана без оглед на економската ситуација.

Во овој момент на подрачјето на Булеварскиот прстен, вклучувајќи ги престижните делови Замоскворечје и Јакиманка, во продажба се 29 многу скапи недвижнини и четири куќи од премиум-класата, вкупно, околу 500 станови (не сметајќи ги затворените продажби). На оваа локација минатата година во сегментот скапи недвижнини отпаднаа осум отсто од трансакциите, а просечната цена изнесуваше 180 милиони рубли (2,2 милиони евра).

Минатиот месец просечната цена на квадрат во новоградба во Централниот административен округ на руската престолнина изнесуваше 703,3 илјади рубли (8,7 илјади евра).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња