Медиумите истакнуваат дека аграрниот сектор би можел да го надомести пропуштеното во многу области благодарение на владината поддршка и ограничувањата за увоз на производи од Европа. Експертите посочуваат дека Русија денес целосно ги покрива своите потреби од свинско месо и дека увозот на ова месо е практично запрен. Земјата, исто така, ги задоволува своите потреби од месо од живина.
Der Tagesspiegel пишува дека последниве години во Русија засилено се развива производството на маслодајни растенија. А главна извозна култура на Русија е пченицата.
Да додадеме дека руските контрасанкции ќе бидат во сила уште една година. На 1 јануари 2020 година ограничувањата за увоз на месни, млечни, производи од риба, зеленчук и овошје од низа земји беа продолжени до 31 декември.
Претседателот на Русија Владимир Путин исто така ја потврди новата Доктрина за прехранбена безбедност на земјата за периодот 2019-2021 година со која се предвидува целосна самодоволност кога се работи за основните земјоделски производи и нивна поголема достапност за целото население.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче