Врховниот управен суд на Бугарија ја суспендираше судската истрага за избор на изведувач на работите за изградба на гасоводот што ќе го презема гасот од „Турски тек“, пренесува РИА „Новости“. Изведувач останува конзорциумот на чело со саудиската компанија Arkad Engineering.
„Врховниот управен суд ја отфрли жалбата на конзорциумот „ Гасен развој и проширување во Бугарија“ против решението на Комисијата за заштита на конкурентноста бр. 741 од 2019 година и ја прекина истрагата за овој случај“, се наведува во судските документи.
Се наведува дека одлуката е донесена „поради отсуство на волја во конзорциумот за покренување жалба против решението, што е утврдено врз основа на писмено обраќање на бугарската филијала Completions Development, која е член на конзорциумот“. Completions Development соработува со руската компанија за производство на цевки ТМК (Трубная металлургическая компания).
Проектот „Турски тек“ подразбира изградба на гасовод што го сочинуваат два крака со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Првиот крак е наменета за испорака на руски гас на турските потрошувачи, а вториот крак за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа (преку Бугарија до Србија и Унгарија). Почетокот на работата на гасоводот е планиран до крајот на 2019 година.
Во јануари „Булгартрансгас“ донесе конечна одлука за изградба на нов гасовод од границата со Турција до Србија, кој ќе прима гас од „Турски тек“. Одлуката следеше по аукцијата за резервирање на капацитетите на новиот гасовод, за време на која две компании, од кои едната е „Гаспром“, резервираа 100% од идниот капацитет на транзитот на гас. Бугарија планира до крајот на 2020 година да ја заврши изградбата на балканскиот крак на „Турски тек“, соопшти во јуни претседателката на бугарскиот парламент.
Компанијата во април соопшти дека на тендерот за проектирање и изградба на гасоводот победил конзорциумот предводен од Arkad Engineering со учество на италијанската компанија Arkad-ABB. Конзорциумот вети дека ќе го реализира проектот до крајот на 2020 година за 1,1 милијарди евра. Како алтернатива предложи друга опција: изградба за осум месеци, т.е. до крајот на тековната година, за 1,29 милијарди евра. На резултатите од тендерот се пожали вториот кандидат - конзорциумот „Гасен развој и проширување во Бугарија“. Токму оваа жалба во вторникот, 17-ти септември, беше отфрлена од страна на бугарскиот суд.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче