Изградбата на приемниот терминал на „Турски тек” во Турција завршена 95%

Ministry of Energy of the Russian Federation/Twitter/Global Look Press
Изградбата на приемниот терминал за морскиот гасовод „Турски тек“ е завршена 95% од вкупниот обем на работите, се вели во соопштението на проектната компанија South Stream Transport B.V која работи на изградбата на гасоводот.

Изградбата се одвива според планираното. Испораката на гас е предвидено да започне до крајот на 2019 година. За реализација на проектот во Турција се ангажирани повеќе од 1700 стручњаци, од кои 100 се од Турција.

Приемниот терминал се гради недалеку од населбата Киџикој во регионот Тракија во западниот дел на Турција.

Пред да влезе гасот во систем за транспорт на гас на Турција, на приемниот терминал ќе се мерат количината на добиениот гас, неговата температура, притисокот и составот. Капацитетот на гасоводот е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

„Турски тек“ е проект за извозен гасовод од Русија до Турција преку Црното Море и понатаму до границата на Турција со соседните земји. Првиот крак на гасоводот е наменет за турскиот пазар, а вториот за снабдување со гас на земјите од Јужна и Југоисточна Европа. Капацитетот на секој крак е 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Изградбата на морската делница на гасоводот ја води компанијата South Stream Transport B.V.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња