Двете страни ги разменија документите потпишани за време на посетата на претседателот на Мозамбик Филипе Њуис на Русија. Церемонијата се одржа во присуство на лидерите на двете земји по нивните преговори во Кремљ, пренесува РИА „Новости“.
Компанија „Роснефт” потпиша договор за соработка со Националниот институт за нафта на Мозамбик (Instituto Nacional de Petróleo, INP), како и меморандум за разбирање со Националната корпорација за фосилни горива на Мозамбик (Empresa Nacional de Hidrocarbonetos, ENH) за соработка на експлоатацијата на наоѓалиштата на природен гас во епиконтиненталниот појас на оваа земја.
„Според потпишаните документи, „Роснефт“ ќе добие право на анализа на постојните геолошки информации за низа копнени и морски територијални блокови на Мозамбик заради процена на нивниот потенцијал, како и можност за во иднина да се вклучи во проекти на овие терени“, се вели во соопштението на руската компанија.
Главниот извршен директор на компанијата „Роснефт“ Игор Сечин истакна дека Мозамбик е една од најперспективните земји за развој на меѓународниот бизнис на оваа компанија и дека „Роснефт“ е заинтересирана за понатамошно проширување на проектите во оваа земја.
Кон крајот на 2015 година компанијата „РН-Експлорејшн“ („РН-Эксплорейшн”, дел од „Роснефт“) и компанија-ќерка на ExxonMobil добија тендер за три парцели во рамките на петтиот круг на издавање дозволи од страна на мозамбичкиот Националени институт за нафта. Тоа се парцелите A5-B во басенот на реката Ангоче и Z5-C и Z5-D во делтата на Замбези. Во октомври 2018 година, конзорциумот во кој на компанијата „Роснефт“ ѝ припаѓаат 20%, потпиша договор за концесија со владата на Мозамбик за испитување и експлоатација на фосилни горива на три парцели. На нив се започнати геолошките испитувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче