Руската државна корпорација „Росатом“ се пријави за учество во проектот за изградба на нуклеарната централа „Белене“ во Бугарија.
„Како дел од конкурсот за избор на стратешки инвеститор за проектот нуклеарната централа „Белене “во Бугарија, кој беше распишан на 22 мај 2019 година, државната корпорација „Росатом“во предвидениот рок поднесе пријава за учество во постапката. Националната електронска компанија на Бугарија ја прифати оваа пријава“, соопшти „Росатом”.
Конкурсот за избор на стратешки инвеститор за проектот нуклеарна централа „Белене“ беше објавен на 22 мај 2019 година во Службениот весник на Европската унија. Крајниот рок за завршување на постапката е 12 месеци од распишувањето на конкурс.
Рускиот претседател Владимир Путин ги соопшти во мај условите за продолжување на проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“.
Во март 2012 година Софија се откажа од изградбата на нуклеарната централа „Белене“ со капацитет од 2 GW. Електраната врз основа на договорот од 2006 година требаше да ја гради руската компанија „Атомстројекспорт“ според руски проект. Проектот беше нарачан од Националната електронска компанија на Бугарија.
Во декември 2016 година „Росатом“ доби од бугарската Национална електронска компанија 601,6 милиони евра врз основа на тужбата за откажување на проектот за изградба на нуклеарната централа „Белене“. Во август 2017 година Софија соопшти дека планира да распише тендер за изградба на нуклеарната централа „Белене“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче