По повод спојувањето на деловите на друмскиот мост преку реката Амур, со кој се поврзани бреговите на Русија и Кина на подрачјето на градовите Благовешченск и Хејхо, се одржа пригодна свеченост.
Од руската страна на свеченоста на границата меѓу Русија и Кина присуствуваа потпретседателот на владата и ополномоштен претставник на рускиот претседател за Далекоисточниот федерален округ Јуриј Трутнев и министерот за развој на Далечниот Исток Александар Козлов.
Градежниците пред гостите ги завија последните завртки на двете страни на мостот, а потоа од пограничниот брод беа истрелани сигнални ракети кои симболично го означија успешното спојување на деловите на мостот.
Губернаторот Василиј Орлов верува, како што рече по завршувањето на церемонијата, дека благодарение на мостот во Амурската област дојде до зголемување на извозот, нарекувајќи го потенцијална точка на раст. Како што истакна тој, конкурентните предности на Амурската област се земјоделството и преработените производи.
„Во текот на минатата година извезовме речиси 400 илјади тони соино зрно, од вкупно милион 40 отсто беа испорачани во Кина, вклучувајќи ги и преработките, големи количини на масло од соја се извезени“, рече губернаторот, истакнувајќи дека постои уште еден проект кој во перспектива би можел да биде поврзан со извозот, а тоа е гаснохемискиот комплекс во изградба.
„Во моментов е планирано производство на 1,5 милиони тони полиетилен, како и полиетиленски производи, а тоа е исто извозно-ориентиран производство. Затоа, сообраќајната инфраструктура има приоритетно значење“, нагласи губернаторот.
Како што наведе тој, во регионот постојат планови за забрзан развој на подрачјето на приодот до мостот, кои подразбираат соодветни даночни олеснувања.
Вкупната должина на друмскиот мост над реката Амур проектиран да го поврзе рускиот брег со кинескиот на подрачјето на градовите Благовешченск и Хејхе изнесува преку еден километар. Се предвидува дека по пуштањето во работа на мостот ќе циркулираат до три милиони луѓе годишно и товар од околу шест милиони тони или речиси 300 илјади возила.
Руските медиуми потсетуваат дека во март беа споени деловите од железничкиот мост меѓу Русија и Кина преку реката Амур и пишуваат за важноста на првиот прекуграничен друмски мост кој веќе е наречен „Излогот на Русија“, како и на економскиот напредок што го очекува Приамурјето благодарение на реализацијата на големите федерални проекти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче