Медиуми: Русија и Србија потпишуваат договори за вооружување

Global Look Press

Во текот на официјалната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Србија ќе бидат потпишани договори од сферата на воено-техничката соработка, соопшти руската државна агенција РИА „Новости“. 

„Се работи за склучување нови договори, а не за имплементација на поранешните договори меѓу двете министерства за одбрана за снабдување со руски оклопни возила од арсеналот на руските вооружени сили“, рече извор за РИА „Новости“.

Посетата на рускиот претседател на Србија е закажана за четврток. Според зборовите на помошникот на претседателот, во текот на посетата ќе бидат потпишани преку 20 документи, вклучувајќи и такви од сферата на енергетиката.

Министерствата за одбрана на Русија и Србија претходно се договорија за испорака на 30 тенкови Т-72С и 30 оклопни возила БРДМ-2 на Србија. Во 2017 година Москва му испорача на Белград шест ловци МиГ-29 од инвентарот на Воздушно-космичките сили на РФ.

Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ, пред доаѓањето на рускиот претседател во Белград, изјави дека секогаш се консултира со Владимир Путин. Исто така, се дозна дека Вучиќ ќе му подари на Путин младо на шарпланинец старо три месеци.

Путин на почетокот на јануари го одликува претседателот на Србија со орденот „Александар Невски“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња