Вучиќ и Путин на Парадата на Победата 2018 во Москва
Kremlin Pool/ZUMAPRESS.comВучиќ рече дека дознал за тоа на Божик.
„Да се добие Орденот „Александар Невски“ е огромна чест за мене и за Србија со која раководам. Прво, затоа што ме награди претседателот Путин. И јас отворено го велам тоа. Бидејќи што и да мислат за Русија – а секогаш ќе се најдат противници, оние кои мислат поианку - претседателот Путин го крена рејтингот на Русија, нејзиниот авторитет во светот. Владимир Путин успеа во тешки моменти не само да ја зачува независноста на Русија туку и да ја направи посилна. И рускиот лидер повеќе пати ѝ помогна на Србија. Кога добивате таква награда од него, тоа е посебна чест“.
Вучиќ исто така рече дека му е драго што рускиот претседател сфатил дека на неговиот српски колега му било тешко секогаш искрено да работи во интерес на јакнењето на руско-српските односи. „Со оваа награда Владимир Путин покажа дека разбира колку Србија работеше за зачувување на нашите односи и која е мојата лична улога во тоа“, вели Вучиќ. Путин покажа дека подобро од многу други ја сфаќа политичката ситуација на Балканот и дека сфаќа колку Србија ја почитува Русија.
А Орденот „Александар Невски“ е и големо лично признание, вели српскиот претседател и додава дека ќе го посвети на своето семејство Вучиќ „од малото српско село Чипуљиќ во БиХ, каде секогаш ги сакаа Србија и Русија. „Многу мои роднини поради љубовта спрема Русија се најдоа во затвор по Втората светска војна, а татко му дури и заплака кога слушна дека сум добил орден“, вели српскиот претседател.
Александар Вучиќ раскажа за руските медиуми како во СФРЈ на еден натпревар на кајакари неговиот стрико Ѓоко Котур бил уапсен и испратен на Голи Оток затоа што се радувал на победата на советските спортисти. „А мојот покоен дедо еднаш јавна коњ и сакаше на тој начин да стигне до Русија. Запре некаде меѓу Доњи Вакуф и Травник. Некој му рекол дека нема да дојава до Русија, дека тоа е невозможно“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче