Калининград повеќе не зависи од транзитот на гас преку Литванија

Пловната регасификациска платформа на „Гаспром“ „Маршал Василевски”

Пловната регасификациска платформа на „Гаспром“ „Маршал Василевски”

ООО «Газпром флот»
Гасот отсега ќе стигнува во овој руски регион по морски пат.

Маршалот Василевски, кој на чело на Белорускиот фронт 1945 година го ослободи Кенингсберг, 73 години подоцна повторно му носи независност на регионот на балтичкиот брег. Пловниот регасификациски терминал „Маршал Василевски”, кој се закотви покрај брегот на Калининградската област, му обезбеди на регионот енергетска самостојност.

„Ова е првиот ваков проект во руската енергетика“, рече Владимир Путин, кој пристигна во Калининград на отворањето на терминалот за прием на гас и пловната платформа.

Се разбира, испораката на природен гас на вакво растојание е економски поисплатлива метода. Но за Калининградската облст тоа се само резервни капацитети кои ги минимизираат, т.е. ги елиминираат сите транзитни ризици.

Со други зборови, рускиот регион сите овие години зависеше од транзитот на гас преку Белорусија и Литванија, додека сега гасот во Калининград пристигнува по алтернативен пат: по морето, во течна состојба. Отсега не постои никаков ризик рускиот регион да остане без енергија.

„На шемата може да се види дека е целосно исклучен системот за испорака на гас преку магистралниот гасовод Минск-Вилнус-Каунас-Калининград и дека снабдувањето на Калининградската област со гас во целост се остварува преку морскиот терминал“, изјави претседателот на Управниот одбор на „Гаспром” Алексеј Милер откако рускиот претседател го означи почетокот на преточување на гасот. „Задачата што ни ја поставивте е исполнета: обезбедивме целосно гарантирано автономно снабдување на Калининградската област со гас“.

Од стационарното морско пристаниште со мол, специфичен технички објект, гасот преку подводен цевковод стигнува до брегот, а потоа се складира во подземното складиште направено во длабочината на наслагите на камена сол.

„Би сакал да потсетам дека со владата се договоривме разликата во цената меѓу гасот од гасоводот и течниот природен гас што му се испорачува на Калининград не биде дополнително оптоварување за крајниот потрошувач“, додаде Путин. „Во најскоро време очекувам извештај за тоа“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња