Првпат во десет години Русија увезува течен природен гас

Пловната регасификациска платформа на Гаспрома „Маршал Васиљевски”

Пловната регасификациска платформа на Гаспрома „Маршал Васиљевски”

ООО «Газпром флот»
Во сабота во Русија пристигнува првата увозна испорака на течен природен гас во последниве десет години. Бродот од Сингапур ќе се укотви во Калининградската област, пишуваат медиумите.

Според податоците на сервисот за следење на бродови во реално време MarineTraffic, на 15 декември пловната регасификациска платформа на „Гаспром“ „Маршал Васиљевски”, наменета за прием, транспорт, чување и регасификација на течен природен гас, пристигнува во пристаништето во Калиниград.

Бродот од Сингапур за Калининград превезува товар со течен природен гас, што ќе биде првата увезена количина на овој вид гориво во Русија во последниве 10 години, пишува РИА „Новости”, руски државен медиум. Се наведува дека пловидба траела околу месец дена.

Претходно губернаторот на Калининградската област Антон Алиханов изјави дека во случај на потреба оваа платформа може да ги обезбеди потребите од гас на Калининградската област во режим на изолирано функционирање. Тој исто така додаде дека тоа е „сценарио во случај на некои екстремни ситуации” и тогаш веќе соопшти дека изградбата на „платформата за регасификација” е завршена.

Овој терминал на брегот и во близина на брегот на Балтичкото море со капацитет од девет кубни метри гас дневно ќе биде приклучен на постојниот гасовод во реонот на Калининградското подземно складиште за гас. Тоа ќе овозможи гасот да се проследува до потрошувачите, но и да се складира.

Кон крајот на ноември „Гаспром“ истакна дека во 2018 година планира да вложи 32 милијарди рубли во изградба на терминал за прием, чување и регасификација на течен природен гас во Калининградската област.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња