Македонија бележи пораст на извозот во Русија

Михаил Почуев/TASS
Трговската размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација до крајот на ноември 2017 година достигна вредност од 184,6 милиони американски долари и е повисока за 7 отсто во однос на истиот период од претходната година (до ноември 2016 година извозот изнесуваше 172,5 милиони американски долари).

Во наведениот период македонскиот извоз порасна за 3,3% повеќе во однос на увозот од Русија, се вели на сајтот на Македонска-Руска стопанска комора.

Македонските компании до крајот на ноември 2017 година во Руската Федерација извезоа производи во висина од 48,3 милиони долари, што е за 9,5% повеќе во споредба со истиот период претходната година (44,1 милиони долари).

Истовремено, за истиот период од 2017 година увозот од Руската федерација во земјава изнесува 136,3 милиони долари (до ноември 2016 година 128,3 милиони САД долари) и е повисок за 6,2%.

До крајот на ноември 2017 година остварен е трговски дефицит на македонска страна од 87,9 милиони САД долари. Македонија најмногу од Руската Федерација увезува енергенси, а извезува земјоделски и прехранбени производи.

Прочитајте: Трговијата меѓу Македонија и Русија расте

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња