Трговијата меѓу Македонија и Русија расте

Михаил Почуев/TASS
За периодот од јануари до септември оваа година трговската размена пораснала за 21,3 отсто.

Македонска-руска стопанска комора на својот сајт соопшти дека вкупниот обем на стоковната размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација до крајот на септември годинава достигнала 157, 2 милиони американски долари и бележи раст од 21,3 отсто. Колку за споредба, минатата година во истиот овој период вкупната размена изнесувала 129,5 милиони долари.
Од јануари годинава на рускиот пазар се пласирани стоки во висина од 36,9 милиони долари (лани во истиот период пласманот изнесува 32,2 милиони долари). Македонскиот извоз бил повисок за 14,3 отсто.
Македонија има увезено стоки од Русија во износ од 120,3 милиони долари (лани 97,3 милиони долари), што е раст од 23,7 отсто.
Трговскиот дефицит на Македонија во размената со Русија во овој период изнесува 83,4 милиони долари. Во најголем обем Република Македонија од Руската Федерација купува енергенси, а продава земјоделски и прехранбени производи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња