Руска рубља.
КомерсантЕкспертите на германското издание „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го истакнуваат брзиот раст на економијата на Русија во услови на санкции и пад на цените на нафтата.
Германските аналитичари се повикуваат на податоците на Националното биро за статистика, според кои показателите на руските производствени сектори во вториот квартал на 2017 година пораснале за 2,5% во споредба со истиот период лани.
Истовремено се истакнува дека земјоделството не успеало да се обнови по воведувањето на рестриктивните мерки против Русија.
Експертите сметаат дека Русија ќе се стекне со целосна економска независност од други земји во моментот кога и индустријата и земјоделството ќе се обноват во целосен обем.
Според прогнозата на ММФ, растот на економијата на Русија во 2017 година ќе изнесува 1,4%. БДП-то на Русија во 2018 година исто така ќе порасне, според мислењето на фондот, за 1,4%, пренесува „Известија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче