Проджба на овошје и зеленчук на пазарот на органско производство „Екобазар-Митишчи“.
Александра Мудрац/ТАССРусија ќе може да покрие 90% од пазарот со зеленчук од сопствено производство за 3-5 години, изјави во понеделникот министерот за земјоделство на Руската Федерација Александар Ткачев во програмата на телевизијата „Русија 24“.
„Ни требаат преку сила пет, најмалку три години за да можеме 90% да го покриеме пазарот на зеленчук“, изјави министерот, забележувајќи дека руското производство се развива многу активно, пренесува „Известија“.
„За три години го зголемивме за 30% производство на зеленчук. Ова е важно“, заклучи Ткачев. Тој, исто така, истакна дека оваа година приносот на зеленчук нема да се намали без оглед на лошите временски услови и ќе остане на минатогодишното ниво од 16-16,5 милиони тони.
Министерот исто така увери дека до есен ќе се намалат цените на земјоделските производи во Русија и потенцираше дека во моментов цената на најнеопходниот зеленчук е намалена за 15%.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче