Русите почнаа помалку да трошат во продавница

Купувачи во супермаркет.

Купувачи во супермаркет.

Lori/Legion Media
Трошоците на Русите продолжуваат да растат, соопшти холдингот „Ромир“.

Просечната сметка на Русите за едно купување во продавница во јули падна на 503 рубли (440 денари), во споредба со 517 рубли (454 денари) еден месец порано. Ова се резултатите од истражувањето на холдингот „Ромир“.

Во споредба со јули 2016 година (510 рубли) показателот се намали за 1,4% од својата вредност. „Во јули просечната сметка покажа пад во сите канали на современата трговија, што веројатно се должи на сезонското поевтинување на прехранбените производи и првенствено на зеленчукот и овошјето“, се истакнува во материјалите од истражувањето.

Во Москва износот на едно купување во продавница во јули е намален во споредба со јуни за 5,3% или 36 рубли, на 646 рубли (567 денари). Во споредба со истиот период минатата година износот е намален за 17 рубли или 2,6%.

Во исто време во Санкт Петербург просечната сметка се зголеми за седум рубли и се искачи на 710 рубли (623 денари), годишно растот изнесува 4,1%.

На 8 август „Ромир“ соопшти дека трошоците на Русите продолжуваат да растат, во јули се зголемиле за 8,1% во годишен износ. Ова е два пати повеќе од официјалната стапка на инфлација во овој месец. Процентот на граѓани кои ги намалиле трошоците за здравствени услуги и лекови за една година се зголеми од 6 на 16%, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња