Русите почнаа повеќе да трошат и помалку да штедат

Банкнота од 500 рубли.

Банкнота од 500 рубли.

RBTH
Русите се наоѓаат на стадиум на премин на однесување од штеден модел кон потрошувачки, велат резултатите од истражувањето на „Рајфајзенбанк“.

„Во моментов се забележуваат најмалку два признаци на оддалечување на населението од штедниот модел на однесување: прво, заштедите во реална смисла почнаа да се намалуваат, а второ, нивната динамика се покажува како послаба од промените на реалните расположливи приходи“, се вели во истражувањето што го пренесува „Лента.ру“.

Неговите автори исто така укажуваат на тоа дека растот на потрошувачките расходи може да доведе до негативни последици. Имајќи го предвид високиот удел на увозна роба во структурата на потрошувачката, зголемувањето на трошоците ќе доведе до пораст на увозот. „Тоа може да изврши притисок врз курсот на рубљата и инфлацијата, што мошне тешко може да се спречи со мерките на каматната политика“, потенцираат аналитичарите на „Рајфајзенбанк“.

Претходно на 1 август Високата школа за економија соопшти дека од октомври 2014 година до мај 2017 година реалните приходи на Русите се намалиле за 19,2%. Благосостојбата на граѓаните опаѓала 31 месец. Прехранбените производи за тоа време поскапеле за 28,5%, непрехранбените – за 26,2%, додека услугите станале поскапи за 21,3%.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња