Економски показател.
Getty ImagesГоворејќи за начините на кои економската криза се манифестира, испитаниците укажуваат на инфлацијата, растот на цените, тарифите (29%), пад на животниот стандард, нивните приходи, надоместоците, намалувањето на платите (26%), невработеноста, отпуштањата од работа (12%), како и слабиот развој на индустријата, земјоделството, падот на економијата во целина (5%).
Меѓутоа, секој четврти учесник во анкетата не гледа криза во економијата (24% наспроти 14% пред една година). Анкетата беше спроведена на 29-30 јули врз 1500 испитаници во 104 населени места на 53 субјекти на Руската Федерација.
Меѓу оние кои го признаваат постоењето на кризата, 18% сметаат дека по една година економската криза во Русија ќе биде посилна отколку што е сега, 8% - послаба, 2% - дека ќе заврши. Дека состојбата нема да се промени, изјавија 28% од испитаниците, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче