Турбина на „Сименс“.
wikipedia.orgГерманскиот индустриски концерн „Сименс АГ“ очекува загуба во Русија во 2017 година во опсег од 100-200 милиони евра поради ситуацијата со испораката на гасни турбини на Крим, изјави генералниот директор на компанијата Џо Каезер по објавувањето на финансискиот отчет на „Сименс“.
Каезер соопшти дека годишните приходи на „Сименс“ во Русија изнесуваат околу 1,2 милијарди евра, пишува „Блумберг“.
Претходно „Сименс“ изјави дека сите четири негови турбини, наменети за проект во Таман, биле незаконски доставени на Крим, предложи раскин на договорот и нивно откупување. Во врска со тоа „Сименс“ има намера да ги раскине договорите кои ги има склучено со руските компании за лиценца за испорака на опрема за електрични централи и да ги суспендира испораките во рамките на постоечките договори со руските компании под контрола на државата, пренесува „Рамблер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче