Извозот на автомобилите „Лада“ поголем за 76%

Погон на АвтоВАЗ.

Погон на АвтоВАЗ.

ИТАР-ТАСС
На почетокот на јуни беше објавено дека АвтоВАЗ очекува извоз на автомобили во 2017 година на ниво од 25 илјади, иако претходната прогноза беше 30 илјади автомобили.

Во првото полугодие на 2017 года АвтоВАЗ го зголеми обемот на извозната продажба на автомобилите „Лада“, вклучувајќи ја и испораката на делови за автомобилите, за 76% во споредба со истиот период од 2016 година.

Како што истакнува компанијата, во најголема мера овој раст е поврзан со зголемувањето на обемот на капацитетите во Казахстан и почетокот на продажбата на автомобилите Lada Vesta на некои странски пазари, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, АвтоВАЗ реализираше 48,4 илјади возила „Рено“, „Нисан“ и „Датсун“ на своите партнери во алијансата.

На почетокот на јуни беше објавено дека АвтоВАЗ очекува извоз на автомобили во 2017 година на ниво од 25 илјади, иако претходната прогноза беше 30 илјади автомобили. Во февруари АвтоВАЗ имаше намера да го зголеми производството на автомобили за 14%.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња