Од 1 јануари 2017 година започна да функционира директна железничка врска меѓу Лондон и источниот кинески град Иу, соопштува China Daily. Поголемиот дел од маршрутата минува низ европскиот дел на Русија, а исто така по териториите на Казахстан, Белорусија, Полска, Германија, Белгија, Франција и низ тунелот под каналот Ла Манш. Должината на маршрутата е околу 12.000 километри, а патувањето трае 18 дена.
Композиција со облека, галантерија и други стоки за широка потрошувачка ќе патуваат до Лондон еднаш неделно. Пратките се спроведуваат од страна на компанијата Yiwu Timex Industrial Investment Co, која повеќе од една година доставува стока по маршрутата Иу-Мадрид.
Денес постојат вкупно 15 рути за товарен транспорт кои минуваат низ Транссибирската магистрала или европскиот дел на Русија и ги поврзуваат индустриските градови и зони на Кина (Харбин, Вухан, Урумчи и други) со конечните дестинации во Шпанија, Германија, Чешка, Полска, Белорусија и Русија. Овие патишта функционираат во рамките на иницијативата Економски појас „Патот на свилата“, покренат во 2013 година од претседателот на НР Кина Си Ѓинпин што треба да ги поврзе Кина, Средна Азија и Европа.
Во моментов повеќе од 3% од трговијата меѓу Кина и Европа поминува низ Русија и Казахстан, вели за „Руска реч на македонски“ Алексеј Безбородов, генерален директор на издавачката агенција InfraNews. И обемот на овие превози продолжуваат да растат. На пример, според податоците на Руски државни железници (РЖД), транзитниот товарен проток во Русија во 2016 година е зголемен за 36%, односно до 205 илјади TEU (условен стандарден 20-метарски контејнер). Барањето на железницата во Русија се зголемува од ниската цена поради девалвацијата на рубљата, дополнува Безбородов.
Засега главен начин за снабдување на стока од Кина до Европа е поморскиот транспорт. „Но, ако Транссибирската магистрала успее да привлече барем некој суштински дел од овој поток на стока, руската економија ќе биде во плус“, смета Михаил Блинкин, директор на Институтот за економија на транспортот и транспортната политика при Високата школа за економија.
„Железничкиот транспорт го победува морскиот според еден показател - времето за испорака, што во овој случај ќе биде барем двапати пократко, испораката по вода може да потрае од 30 до 45 дена“, коментира Алексеј Калачов, експерт-аналитичар во ФИНАМ. По обем на испораките морските правци остануваат без конкуренција: возот може да пренесе со едно патување максимум 200 TEU, додека поморскиот контејнеровоз – 20.000 TEU, вели Калачов.
Железничкиот превози губи и по цената. „Транспортот на контејнер по маршрутата Иу-Лондон може да чини околу 1.500-1.700 американски долари, додека по море ќе излезе околу 2 пати поевтино“, коментира Калачов. Општо земено, транзитот преку целата должина на Транссибирската магистрала, односно, ако се влезе од Кина во Приморскиот крај на Русија и до Брест, може да чини околу 2.200 американски долари.
Независно од предностите на поморскиот транспорт, кинеските власти имаат намера да го зголемуваат железничкиот превози до Европа. „Кинезите се заинтересирани да се прошират приодите кон превозното обезбедување на надворешната трговија. Затоа тие вештачки стимулираат користење на железничка пруга по целиот континент“, коментира за „Руска реч на македонски“ Иван Зуенко, научен соработник во Центарот за азиско-тихоокеански истражувања при Руската академија на науките.
На пример, со цел зголемување на железничкиот превоз во 2015 година кинеските власти создадоа железничката пат до Европа, кој ја заобиколува Русија. Товарната линија „Свилен ветар“ минува низ Казахстан, Азербејџан, Грузија и Турција. Во 2020 година по овој пат до Турција и Европа можат да бидат доставени до 300-400 илјади контејнери, соопштува руското издание РБК.
„Разновидноста на достапни правци за снабдување со стока е драгоцено за Кина самото по себе, бидејќи ја намалува зависноста од одделните територии, низ кои тие поминуваат“, ја објаснува стратегијата на кинеските власти Алексеј Калачов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче