Гаспром со сериозно намалени приходи

Извор: Игор Агеенко / РИА Новости

Извор: Игор Агеенко / РИА Новости

Рускиот гасен монопол Гаспром, обелодени дека има сериозно намалени приходи. Поточно, EBITDA на компанијата паднала за повеќе од 40%, при што монополот ја намалил продажбата на гас за сите купувачи, вклучувајќи ги и земјите од Европската Унија, од поранешните републики на СССР, како и за потрошувачите од Русија. На состојбата на компанијата исто така влијае и нерешениот конфликт со Украина.

Добивката до оданочувањето на рускиот гасен монопол Гаспром според резултатите за првите девет месеци од 2014 година е намален од 1.097 билиони (15.75 милијарди американски долари) на 756.9 милијарди рубли (10.86 милијарди американски долари), се вели во отчетот на компанијата објавен на 30 јануари. Сепак, доколку се земе предвид поевтинувањето на рубљата за повеќе од двапати во однос на американскиот долар и на еврото од есента 2014 година, реалниот пад на доларските приходи на компанијата се посериозни, со оглед на тоа дека како извозник на енергетски ресурси компанијата поголемиот дел од приходите ги добива во девизи. Освен тоа, монополот ја намалил продажбата на гас за сите купувачи, вклучувајќи ги и земјите од Европската Унија, од поранешните републики на СССР, како и за потрошувачите од Русија. Обемот на гас за европските потрошувачи се намалил од 126.8 на 122.5 милијарди кубни метри. Во поранешните републики од Советскиот Сојуз испораките паднале од 42.2 на 36.7 милијарди кубни метри, а кај руските потрошувачи од 170.8 милијарди на 157.9 милијарди кубни метри гас. 

Должнички товар 

Гаспром се договори за деталите за Турски тек
Новиот гасовод од Русија во Турција ќе поминува по првичната маршрута на Јужен тек. Проектот ќе биде реализиран до 2020 година кога рускиот монопол Гаспром планира да го прекине транзитот преку Украина. Според експертите, руската компанија беше принудена да им излезе во пресрет на турските партнери при изборот на маршрутата, па дури е подготвена и да им даде попуст за гасот.

Според резултатите за третиот квартал за 14% е зголемен должничкиот товар на компанијата, иако најмногу станува збор за краткорочни кредити. Поради геополитичката нестабилност компанијата практично не можела да зема долгорочни заеми, кои се потребни за стратешките проекти за изградба на гасоводот Силата на Сибир кон Кина и на гасоводот Турски тек, забележуваат експертите. 

„Показателите навистина постепено се влошуваат, што е поврзано со макроекономските тенденции, со намалувањето на внатрешната побарувачка и со замрзнувањето на 'внатрешните' тарифи, со намалувањето на испораката кон Европа и со запирањето на испораката за Украина“, вели главниот аналитичар на UFS IC Иљја Балакирев. Во исто време, според него, резултатите можеле да бидат и полоши, со тоа што намалувањето на испораката во Европа овозможило намалување на расходите за транзит. Според водечкиот експерт на управувачката компанија „Финам Менаџмент“ Дмитриј Баранов, „некои показатели се намалени, но тешко дека сè можело да биде идеално, со оглед на тоа каква беше ситуацијата во земјата и во светот во годината што измина“. 

„Според резултатите од 2014 година, Гаспром, најверојатно, ќе претрпи загуба поради ослабувањето на рубљата. Компанијата продолжува да ја губи добивката од европскиот пазар поради нееластичната ценовна политика, така што постои можност за намалување на цените кај долгорочните договори, кои се врзани со цената на нафтата“, претпоставува Иљја Балакирев. 

Спорот со Украина  

На состојбата на Гаспром исто така влијае и нерешениот конфликт со Украина. Згора на тоа, како што се гледа од отчетот на компанијата, Стокхолмскиот арбитражен суд ќе почне со сослушување во врска со тужбите на Гаспром и на Нафтогас на Украина не порано од 2016 година, односно страните во конфликтот ќе мора да се договорат за цените на гасот за уште најмалку една грејна сезона. Гаспром бара од Украина да исплати долг за гас во износ од 4.5 милијарди американски долари, од кои дел веќе се исплатени. Во моментов, според верзијата на Русија, долгот изнесува 2.44 милијарди американски долари со пресметани пенали. Од своја страна украински Нафтогас бара ретроактивно намалување на цените на гас од 20 мај 2011 година и враќање на вишокот платени средства. Згора на тоа, Нафтогас настојува на компензација за недоволниот обем на транзит од 2009 до 2013 година. Вкупната сума што ја побарува украинската страна изнесува 6.2 милијарди американски долари.  

Според Дмитриј Баранов, сега страните ќе треба да се договараат за уште една година без учество на арбитража, што значи дека условите за испорака на гас и за негово плаќање во 2016 година можат да бидат изменети. Како што забележува Иљја Балакирев, сите сè уште се надеваат дека страните ќе успеат да го решат прашањето надвор од суд, со оглед на тоа дека спорот се одвива на политичко рамниште. „Зимата покажа дека Украина нема никаква реална алтернатива за рускиот гас“, вели Балакирев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња