Извор: AP
Михаил Крутихин, аналитичар и консултант за проблеми од нафтената гранка и политиката, партнер на консултантската агенција RusEnergy.
„Најважно е тоа дека Русија треба да ги прифати економските услови што ги предлага Украина. Тие се во определена мера разумни. Сепак, прифаќањето на решението за измената на шемата на пресметките со Киев е во политички раце, па затоа преговарачкиот процес се одолговлекува. Решението што ќе биде задоволително и за ЕУ, и за Русија и за Киев е поврзано со прифаќањето на украинскиот предлог. Тој се огледа во ревидирање на гасниот договор, односно во шемата на формирање на цените. Киев настојува на тоа дека цената треба да биде како и за европските потрошувачи, односно таа да биде врзана со моменталната цена на гасот. Според оваа шема Гаспром, на пример, работи со италијанската ENI. Цените за гасот за Украина се врзани со цената на нафтата, но оваа е веќе застарена цена која не е сосема праведна во новите пазарни услови. Сепак, за Москва ваквиот чекор би бил психолошки неприфатлив, земајќи ја предвид реториката во последниве месеци кон новите власти на земјата. Доколку Русија или Украина прифатат предлог на другата страна, тоа ќе значи пораз во очите на избирачите“.
Според испитувањата, земјите на Европската унија можат да издржат половина година без испорака на гас од Русија, при што Европската комисија определи две сценарија: според првото земјите ќе соработуваат една со друга и ќе се обидат да го распределат дефицитот на гас рамномерно, а според второто, пред сѐ, ќе ги задоволуваат своите потреби. Според првото сценарио Бугарија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Финска и балтичките земји ќе се судрат со потребата да ја намалат потрошувачката на гас за 20 до 60 проценти, додека Полска, Романија и Грција ќе треба да ја намалат потрошувачката за 10%. Според второто сценарио Балканот и Естонија ќе настрадаат најмногу, а може да се случи да останат и без снабдување со гас. Така, максималното месечно намалување на испораката може да се намали 100% за Бугарија, Финска, Босна и Херцеговина и Македонија, 73% за Естонија, 64% за Србија, 59% за Литванија, 35% за Унгарија, 31% за Романија и 28& за Полска.
Алексеј Скопин, шеф на катедрата за регионална економија и економска географија на научно-истражувачкиот универзитет Виша школа за економија.
Нафтогас на Украина не сака да плати според новата цена на Гаспром (385 американски долари за илјада кубни метри – заб. ред.). Гаспром, пак, повеќе нема никакви основи за намалување на цената: повеќе не се плаќа закупот на заливот на Севастопољ, каде што се наоѓа црноморската флота. Без оглед на тоа, Украина како и претходно добива попусти и сè дури не се стави точка на прашањето за Крим, обвинувањата нема да престанат“.
На 3 октомври Киев побара од Стокхолмскиот арбитражен суд да донесе времено решение во врска со првата тужба на Нафтогас против Гаспром за цената на гасот, така што судот може да го направи тоа во текот на месецов. Арбитражниот суд би требало да ја поддржи Украина, но, без оглед на тоа, неговата одлука ќе има повеќе политички карактер, отколку извршен. Ќе се добие констатација за тоа која од двете страни има повеќе право. Стокхолм нема основа да го одбие Нафтогас, со оглед на тоа дека тие не го признаваат Кримскиот референдум.
Сергеј Пухов, водечки експерт на Центарот за развој при научно-истражувачкиот универзитет Виша школа за економија.
Ќе подвлечам дека Русија може да запре со испораката на гас за Европа доколку Украина започне бесправно да зема гас. Изјавата на Путин за можниот прекин во испораката на транзитниот гас, не ништо друго, туку последица на коментарот на господинот Јацењук.
Мислам дека позицијата на Москва во врска со цената на гас нема да се измени. Можат да бидат ревидирани нијанси: транзитните проблеми, проблемите за истовремено исплаќање на дел од долгот. Цената, роковите и обемите се веќе определени.
Исто така не треба да се очекува промена на политиката на двете страни по заседанието на Стокхолмскиот арбитражен суд. Судот нема да го менува договорот во полза на која и да е страна. Пазарот се контролира од внатрешните прашања, и никој не може да го обврзе Гаспром да продава гас една цена, а Украина да го купува по друга. Имајќи ги предвид последните договори со Кина, руската компанија има можност да ја пренасочи моќноста која не е употребена во Азија. И не само во Кина, туку и во сите други земји од регионот. Русија може да спроведе диверзификација на гасните текови.
Мислам дека судот нема да ја доведе до ултиматум ниту Украина, ниту, пак, Русија. Стокхолмскиот арбитражен суд ќе најде компромисно решение кое ќе им одговара на сите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче