Медиум: Германија и покрај политиката на НАТО не гледа „агресор“ во Русија

Иако НАТО се однесува спрема Русија како спрема „агресор“, владата на Германија на секаков начин избегнува „воен одговор на заканите на Москва“ и се труди да игра улога на „неконфликтен посредник“, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Како што сведочат анкетите, мнозинството Германци не ги одобруваат санкциите на ЕУ и не сакаат да им помогнат на Полска и балтичките земји „во случај на напад од Русија“.

Одлуката на Германија за зголемување на своите вооружени сили за 7 илјади војници во текот на следните седум години не се однесува на „клучниот воен проблем“ – Русија, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Според изданието, во Министерството за одбрана на Германија избегнуваат да зборуваат за Русија како за „агресор“, а министерот за одбрана Урсула фон дер Лаен минатата недела потенцираше дека германската армија треба да се прошири „во многу мали размери“.

На тој начин, од една страна, раководството на НАТО изјавува за неопходноста од одговор на „агресијата на Русија“, а од друга – Германија постојано одбива да ја смета Русија за воинствена и не сака да се откаже од надежите за враќање на Москва кон „предвидливоста“. Пристапот на Германија е пристап „далеку од реалноста, на неконфликтен посредник“, истакнува изданието.

Без оглед на тоа што Германија тврди дека сака да заземе „порешителна меѓународна позиција“, Берлин нема јасна воено-политичка стратегија. Се чини дека по 10 години од своето канцеларство Ангела Меркел не призна дека „сигурната воена сила“ и подготвеноста да ја искористи се „неделив елемент на нејзината дипломатија во однос на Русија“, смета изданието.

Министерот за одбрана на Гермаија не изрази протест против „уште едните закани“ на Кремљ да распореди ракетни системи „Искандер“ во Калининградската област, во „непосредна близина на Берлин“. А во март германскиот фонд „Бертелсман“ спроведе анкета според која 56% Германци не ја сметаат Русија за „воена закана“ и не ги одобруваат санкциите, а 57% се изјаснија против тоа германската армија да ги штити Полска или балтичките земји „ако тие бидат подложени на напад од страна на Русија“, резимира „Вол Стрит Џурнал“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња