Ќе доседи ли Србија на два стола?

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Пораката, која на премиерот на Србија Александар Вучиќ во име на Европската Унија му ја предаде заменик-раководителот на канцеларијата на Европската Комисија во Србија Оскар Бенедикт, го стави Белград во сложена ситуација. Повторно, како и во случајот со разговорите со Приштина, властите на земјата треба да одат по остар раб, за да го сочуваат и образот, и сопствените политички позиции во земјата и во странство, и да не ја испуштат трговско-економската добивка. Руската поговорка „да доседиш на два стола“ во последно време стана веќе доволно искористена – сепак, сегашната ситуација со Србија е имено таков случај, на кој таа прилега најдобро.

Српските медиуми (особено весникот „Вечерње новости“) веќе побрзаа да го окарактеризираат она што се случува како „демарш“ – сепак наведената оценка изгледа не е целосно легитимна. Поточно поблиску до вистината е претпазливата позиција на самиот српски премиер Вучиќ, кој изјави дека „ние сериозно го сфаќаме предупредувањето што го добивме од ЕУ“. 

Станува збор за обидите на раководството на Европската Унија за водење на „двојна“, па дури и „тројна“ игра. Нејзината цел не е „казнување“ на Русија и особено на Србија, колку што е обид за зачувување на неприкосновеноста на сопствените позиции на рускиот пазар откако сегашнава „војна на санкции“ ќе престане. Според оценките на специјално формираната од страна на Европската Унија комисија за оцена на влијанието на руската забрана за увоз од земјите на ЕУ на земјоделски производи, вкупната штета за Европската Унија може да изнесува 12 милијарди евра годишно. Притоа во буџетот на Европската Унија за соодветна компензација се предвидени само 400 милиони евра. А експертите на Организацијата за храна и земјоделство на ООН (FAO) ја потенцираат итната потреба за ЕУ да го преориентира производството на продуктите кои се најдоа под санкции на Русија  кон испорака во земјите на Азија, Латинска Америка и Карипскиот регион – што е мошне проблематично за реализација. 

Аргентина сака да извезува во Русија
Откако руските власти воведоа ембарго на увозот на прехранбени производи од САД и од Европската Унија, другите земји се обидуваат да го заземат испразнетото место на рускиот пазар. Конкретно, аргентинските производители решија да ја искористат ситуацијата и подготвија крупни предлози за руската делегација.

Значи, што конкретно Брисел бара од Белград и како изгледа можната стратегија за дејствување на Србија? Станува збор за обидите на Европската Унија да ги убеди најблиските трговско-економски партнери на Русија од регионите на Југоисточна Европа и ЗНД да не прошируваат извозот на прехранбени производи со намера „да ги замени“ артиклите кои се најдоа под трговско ембарго. Слични барања, според информациите што ги имаме, беа адресирани и до други држави кои претендираат на влез во ЕУ. 

Клучното барање овде се чини дека е укинувањето на давањето државни субвенции за проширување на извозот во Русија. Токму сличното укинување секретарот за печат на Европската Комисија Петер Стано го нарекува „конструктивен приод“ кон прашањето.  Со други зборови, Европската Унија бара од Србија, Молдавија или Босна и Херцеговина не да воведат санкции, туку да не дозволат пораст на испораката за да не се смени постојната сиве овие години структура на трговска размена меѓу ЕУ и Русија. 

Првичната реакција на повеќето земји-членки на „Евроинтеграциските процеси“ се чини дека е воздржано-негативна. Меѓутоа, очигледно е дека тешко е да му се спротивстават на Брисел – особено земајќи предвид дека барањето на Европската Унија доаѓа во вид на фамозната „мека сила“. 

Првичниот одговор на Србија е формиран врз основа на сосема внимателни тонови. Во него апсолутно вистинито се става акцент токму врз проблемот на државното субвенционирање на извозните испораки. Премиерот Вучиќ потенцира дека од слични субвенции „за зголемување на извозот во Русија нема потреба“. Според неговите зборови, зачленувањето во Европската Унија останува „стратешка цел“ на земјата, но притоа Србија „нема да воведува санкции против Русија“. Притоа треба да се одбележи дека во целина „пробриселскиот“ ентузијазам на изјавите на Александар Вучиќ во значителна мера беше намален од министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ кој испрати одделен сигнал до српското јавно мислење и Москва со својот повик „да се укинат антируските санкции“.

Земјоделските претпријатија со зголемена вредност
Забраната за увоз на прехранбени производи во Русија од земјите кои воведоа санкции ги поттикна инвеститорите да обрнат внимание на руските агроиндустриски компании. Акциите на овие компании во рок од една недела се зголемија за 30-40% Според експертите, засега станува збор за шпекулативен пораст, но овие производители во следниве години би можеле и да привлечат странски инвестиции.

Ваквата игра на Белград може да се покаже како успешна – сепак, доколку се запазат услови. Првиот од нив е повлекувањето во блиска иднина на меѓусебните санкции од страна на Москва и Брисел. Во спротивен случај притисокот врз Белград од страна на Брисел и Вашингтон кој стои зад него, само ќе нараснува. Група дански економисти веќе пресмета дека „ескалацијата на трговската војна е неиздржлива“ за Европската Унија, па затоа ЕУ, според нивното мислење, ќе се откаже од антируските санкции „во текот на 1-3 месеци, а Русија потоа ќе ги укине санкциите што ги има воведено“. 

Дополнителен импулс за ваквиот корисен за Србија развој на настаните можат да станат растечките финансиски проблеми во самата Европска Унија. Новиот шеф на Европската комисија Жан-Клод Јункер во текот на својата неодамнешна посета на Грција веќе призна дека Европа сè уште не ја надминала должничката криза. „Без оглед на целиот поминат долг пат“ на планот на борбата со кризата, „ние сè уште не сме дојдени до аголот“ – така фигуративно ја оцени тој сегашната состојба на работите во Европската Унија. Според мислењето на Јункер, основната закана како и обично ја носат нерешените должнички проблеми во земјите-членки на ЕУ. Меѓутоа како најалармантен фактор за Европската Унија се јавува намалувањето на бизнис активноста – предизвикано,  меѓу другото, од намалувањето по иницијатива на Запад на соработката меѓу Европската Унија и Русија. Во Германија – таа „локомотива“ на европската економија – обемот на нарачки на индустриските претпријатија во јуни 2014 година падна за 3,2% во споредба со претходниот месец. Според извештајот на државното министерство за економија, тоа беше максималното намалување сметајќи од септември 2011 година. Експертите на агенцијата за деловни вести Блумберг, напротив, прогнозираа зголемување на обемот на индустриски нарачки за 0,9%. „Геополитичките фактори и ризици повеќе од било што доведоа до намалување на нарачките“ – се вели во изјавата на министерството за економија на Германија. 

Вториот фактор кој може да ѝ биде од корист на Србија, - тоа е нејзиното претстојно претседателство во 2015 година со ОБСЕ. Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Зањер веќе изјави дека Белград ќе успее да ги продолжи напорите на Швајцарија за решавање на украинското прашање, затоа што има историски врски со источнословенските земји и ги развива односите со Европската Унија. „Србија се наоѓа на вистинската позиција за да игра улога на чесен посредник во овие сложени околности на поделба меѓу Истокот и Западот. Тоа е она што ѝ е потребно на организацијата – неутрално лидерство кое ќе ги држи отворени сите канали за врска со сите страни. Швајцарија го правеше тоа прекрасно, и Србија ќе може добро да продолжи. Тие имаат добри односи со Москва, развиени односи со Брисел и традиција на активно присуство во ОБСЕ“ – сосема точно забележа Зањер. Меѓутоа, разбирливо е дека за успех на ваквата посредничка мисија самиот Запад треба да се откаже од притисокот врз Србија и да не ја присилува да избира меѓу ЕУ и Русија. 

Третиот фактор се состои од поактивното користење од страна на Белград на постојните канали за зголемување на економската соработка со Русија. Дури и да се согласиме со поранешниот спикер на Народната Скупштина, активистот на Демократската странка на Србија Драган Маршичанин дека Србија е принудена на еден или друг начин да воведе „меки трговски санкции“ против Русија – нивното негативно влијание може да биде избалансирано со активирање на соработката со Москва во рамките на постојните пакети на меѓувладините спогодби за енергија, транспорт, инфраструктура, во сферата на вонредните ситуации и воено-техничките врски. Тоа би им овозможило на српските власти, формално земајќи ги предвид одредбите од документот што им го предаде Оскар Бенедикт, да ги зацврстат позициите во Србија во структурата на надворешнополитичките и надворешноекономските приоритети на Русија. Ова, од своја страна, би му дало на кабинетот на Вучиќ можност оперативно да ги решава на билатерална основа проблемите што ќе настануваат во српско-руските трговско-економски контакти за храна. 

Меѓутоа, за да може максимално да се искористат сите претходнонаведени  фактори и да се обидат да ја „надиграат“ Европската Унија на полето на храната, властите на Србија треба точно да го сфатат повеќевекторскиот карактер на сопствените национално-државни приоритети и да бидат свесни дека „рускиот“ вектор за Белград на било кој начин не е помалку важен од „европскиот“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња