Медиум: Германските инвестиции во Русија рушат рекорди и покрај санкциите

„Ди Велт“ истакнува дека инвестициите во Русија стана профитабилни за Германците поради ниската стапка на рубљата, како и поради условите создадени од руската влада.

Германските компании повторно почнаа со големи инвестиции во руската економија и покрај санкциите. Вложувањата на германските бизнисмени веќе достигнаа рекордно ниво, и најверојатно ќе продолжи и во иднина овој тренд, пишува „Ди Велт“, повикувајќи се на статистиката на Бундесбанк.

Во статијата се нагласува дека поради рестриктивните мерки извозот во многу индустриски гранки стана невозможен и за да го зачуваат својот бизнис германските компании градат фабрики во Русија.

Притоа санкциите имаа ефект само во 2014 година, кога германските инвеститори „се свртеа настрана од Русија“. Тогаш Германците ги повлекуваа своите инвестиции, но „нишалото се сврте во спротивна насока“.

„Во 2015 година директните инвестиции во Русија, според Бундесбанк, се зголемија на 1,78 милијарди евра, што за малку не досега до индикаторите на бумот во 2006-2008 и во 2010 година“, се вели во статијата.

Покрај тоа, според предвидувањата на Бундесбанк, во 2016 година ќе биде поставен нов инвестициски рекорд, затоа што само во првиот квартал од оваа година од Германија во Русија веќе се префрлени речиси 1,1 милијарди евра.

„Ди Велт“ дава неколку примери на такви инвестициски проекти. На пример, производителот на земјоделски машини „Клас“ (Claas) инвестираше речиси 120 милиони евра во нова фабрика во Краснодар, а фармацевтската компанија „Бионорика“ (Bionorica) има намера да изгради фабрика во Воронеж во вредност од 30 милиони евра.

Изданието истакнува дека инвестициите во Русија стана профитабилни за Германците поради ниската стапка на рубљата, како и поради условите создадени од руската влада.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња