Русија го доби спорот пред Меѓународниот арбитражен суд

Меѓународниот арбитражен суд само делумно одговори на барањето на Русија, одредувајќи компензација од 100 милиони долари. Извор: PhotoXPress.

Меѓународниот арбитражен суд само делумно одговори на барањето на Русија, одредувајќи компензација од 100 милиони долари. Извор: PhotoXPress.

Руската нафтена компанија „Татнефт“ го доби спорот пред Меѓународниот арбитражен суд и правото на компензација на загубите од страна на Украина во износ од 100 милиони американски долари. Меѓународниот арбитражен суд на Меѓународната трговска комора во Париз (ICC) го прогласи за незаконско делувањето на украинската страна која во 2007 година под своја контрола ги презеде акциите на претпријатието „Укртатнефт“.

Претпријатието „Укртатнефт“ е основано како управувачко тело на најголемиот производител на нафтени деривати во Украина – Кременчушката нафтенопреработувачка фабрика (со капацитет од 18.6 милиони тони). На почетокот ова претпријатие имаше форма на заеднички деловен потфат со Татарстан, при што контролниот пакет акции (55.66%) ѝ припаѓаат на татарстанската страна, односно на компанијата „Татнефт“ и на нејзините партнери, додека во сопственост на Фондот за државен имот на Украина (ФГУ) и под контрола на „Нафтогас“ беа 43.05% од акциите. Групата „Приват“ на украинскиот бизнисмен Игор Коломоски држеше 1.1% од акциите. 

Нова тужба на „Гаспром“ против Украина
Рускиот гасен гигант „Гаспром“ се подготвува да поднесе уште една тужба до арбитражниот суд во Стокхолм против „Нафтогас на Украина“. Како што изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата Алексеј Милер, предмет на тужбата е сума од 18 милијарди долари, покрај веќе постоечкиот долг од 4.5 милијарди долари.

Компанијата „Татнефт“ на Заводот за преработка на нафта испорачуваше нафта со висок процент сулфур и се занимавање со прашањето на негова модернизација. 

Но, во периодот од 2000 до 2006 година помеѓу страните започнаа спорови. Судењата доведоа до тоа што делот на татарските акционери во Заводот за преработка на нафта биде практично сведен на нула, додека во исто време се појавија нови акционери, блиски на групата „Приват“. 

Генералниот директор на компанијата „Татнефт“ Наил Маганов во интервју за бизнис-магазинот Форбс сиот овој процес го нарече „скандалозно непријателско преземање“. Компанијата во 2008 година поднесе тужба до Меѓународниот арбитражен суд. 

На почетокот тужбата се однесуваше на износ од 520 милиони долари, но направената штета со текот на времето достигна вредност од 2.4 милијарди американски долари. Меѓународниот арбитражен суд само делумно одговори на барањето на Русија, одредувајќи компензација од 100 милиони долари. 

Според Виталиј Крјуков, директор на аналитичкиот проект „Small Letters“ оваа сума ни приближно не може да ги покрие загубите и пропуштените можности за заработка на компанијата „Татнефт“, но претставува значителен напредок во судската практика, зашто со судска одлука е потврдено дека жалбите на руската компанија се основани. 

Но, министерот за правда на Украина Павло Петренко веќе изјави дека Украина планира до крајот на август да поднесе жалба на оваа одлука. Според мислењето на директорот на московското претпријатие „Николаев и партнерите“ Јуриј Николаев, во случај Украина да одбие да постапи по одлуката на арбитражниот суд, „Татнефт“ може да бара исплата на компензација од имотот на Украина во странство, на пример од паричните средства на сметките на украинските државни компании. 

Врз основа на материјалите од агенцијата Интерфакс, магазинот Комерсант и на порталот Татарстан денес.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња