Нова тужба на „Гаспром“ против Украина

Компанијата „Гаспром“ по тужбата што против неа е поднесена во судот во Стокхолм веќе ја ревидираше цената на гасот. На фотографијата: Алексеј Милер, првиот човек на рускиот гасен гигант. Извор: РИА Новости

Компанијата „Гаспром“ по тужбата што против неа е поднесена во судот во Стокхолм веќе ја ревидираше цената на гасот. На фотографијата: Алексеј Милер, првиот човек на рускиот гасен гигант. Извор: РИА Новости

Рускиот гасен гигант „Гаспром“ се подготвува да поднесе уште една тужба до арбитражниот суд во Стокхолм против „Нафтогас на Украина“. Како што изјави претседателот на Управниот одбор на компанијата Алексеј Милер, предмет на тужбата е сума од 18 милијарди долари, покрај веќе постоечкиот долг од 4.5 милијарди долари.

Суштина на тужбата 

Според условите на договорот „Гаспром“ испорачува гас на украинската страна врз основа на моделот „земи или плати“, што значи дека купувачот има обврска да набавува енергенс за определена парична сума. Оваа обврска важи за реализација на долгорочно одложено плаќање. Според пресметките на „Гаспром“, украинската компанија „Нафтогас“ во согласност со оваа обврска е должна 18 милијарди долари за гасот што не го презела, а била должна тоа да го стори. Ова барање е наведено во втората жалба што руската компанија да го поднесе до арбитражниот суд во Стокхолм. Претходно „Гаспром“ поднесе тужба со која од „Нафтогас“ побарува 4.45 милијарди долари долг за испорачан гас во ноември-декемви 2013 година во износ од 1.45 милијарди долари и за април-мај годинава во износ од 3 милијарди долари. Така, вкупната сума што „Гаспром“ ја побарува од украинската страна изнесува 22.45 милијарди долари. Освен тоа „Гаспром“ нема добиено авансна уплата од Украина и на 16 јуни 2014 ја запре испораката на гас за оваа земја. Последен пат Русија ја примени оваа мера во 2009 година.

„Никој нема желба да ја субвенционира цената на гасот за Европа“
Заострувањето на односите со западните партнери ја принудуваат Русија да бара нови пазари за испорака на енергетските ресурси. За тоа кои пазари би можеле да бидат интересни за руските дистрибутери, какви чекори презема Русија со цел решавање на енергетската криза во Украина и за можностите Европа да не купува гас од Русија, во интервју за „Руска реч на македонски“ зборува министерот за енергетика на Руската Федерација Александар Новак.

Интересно е што „Нафтогас“, исто така, поднесе контратужба со барање да се ревидира цената во гасниот договор и на компанијата да ѝ се вратат 6 милијарди долари кои претходно годинава ги преплатила. „Шансата дека договорот со важечките 480 долари за илјада кубни метри [цена за гас за Украина] да биде ревидирана постои, но малку е веројатно дека цената ќе биде симната на нивото од почетокот на годинава, кога изнесуваше 268.5 долари за илјада кубни метри. Попустот нема да биде поголем од 10-15%“, смета постариот потпретседател на Финансиската група „Брокеркредитсервис“ (БКС) Евгениј Сељански. Според него, тоа е висината на попустот што „Гаспром“ им го даваше на европските потрошувачи. Од 1 април цената на гасот за Украина по укинувањето на двата попусти порасна од 268.5 на 485 американски долари за илјада кубни метри, но Киев оваа промена на цената „не ја прифати“. 

Компанијата „Гаспром“ по тужбата која против неа е поднесенa до судот во Стокхолм веќе ја ревидираше цената на гасот. Меѓу компаниите кои ја поднесоа тужбата се: италијанската компанија „Edison“, полската PGNiG, грчката DEPA, германските RWE и E.On. Со овие компании „Гаспром“, според Евгениј Сељански, има склучено спогодба за намалување на цената. На пример, грчката гасна компанија DEPA успеа да ја намали цената од 470 на 398 долари за илјада кубни метри. Отприлика на вакви услови, според овој правник, може да смета и „Нафтогас“. 

„Доколку украинската страна својата правна позиција ја засновува на околности што не можат да се земат предвид во рамките на арбитражната постапка, која се спроведува врз основа на конкретен договор, тогаш арбитрите нема да можат да ги уважат овие фактори и врз нивна основа да дадат своја одлука. Тогаш ќе се потпрат само врз одредбите на договорот, а 'Гаспром' тврди дека неговиот став е во целосна согласност со договорот“, вели раководителот на групата за практично решавање на спорови и за медијација „Пепељаев Груп“ Варвара Кнутова. 

Пресудно е времето 

Најважен фактор за двете страни се роковите за разгледување на тужбата. Во зависност од тоа како ќе се развиваат настаните, какви докази ќе бидат потребни, дали ќе бидат потребни проценки на независни стручњаци, дали ќе се постигне компромисна спогодба, процесот би можел да трае и до една и пол година“, вели Варвара Кнутова. Како што истакнува еден од директорите на Одделот за аналитика на агенцијата „Инвесткафе“ Григориј Бирг, Литванија во 2012 година поднесе тужба против „Гаспром“ до арбитражниот суд на Стопанската комора на Стокхолм, во која исто така инсистираше дека цените утврдени за оваа земја се неправедно високи. Сослушувањата во овој процес ќе се одржат дури кон средината на 2015 година. „Претходно во 2011 и Полска до Арбитражниот суд во Стокхолм поднесе тужба, барајќи ревизија на цената. Тогаш договорите што беа постигнати во рамките на преговорите на 'Гаспром' со полската компанија овозможија по една година постапката пред судот да биде завршена“, истакнува Григориј Бирг. Но, овој пат страните се надеваат дека договорот ќе биде постигнат порано. Имено, европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер предложи следната рунда преговори за гасот да се одржи кон крајот на јуни. Сепак, според стручњаците, Украина и Русија не мора да брзаат.

Според информациите со кои располага Асоцијацијата на европски оператери со подземните складишта на гас, украинскиот „Нафтогас“ според состојбата на 16 јуни има на складиште 13.492 милијарди кубни метри гас. Притоа само од 9 до 16 јуни Украина има складирано 878 милиони кубни метри гас што не ги платила. Тргнувајќи од важечката цена на гасот за Украина, која изнесува 485.5 долари за илјада кубни метри „Гаспром“ само во текот на една недела има претрпено загуба од 426.3 милиони долари. Според официјалните изјави на киевските власти, ова количество гас за Украина е доволно до декември, што значи дека транзитот на испорака на гас во Европа преку територијата на Украина дотогаш треба да биде безбеден.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња