Руската компанија „Роснефт” потпиша договори со Кина, меѓу другото и со нови партнери, чија вредност изнесува 30 милијарди долари, изјави директорот на компанијата Игор Сечин, а пренесува „Взгљад”.
„Потпишавме низа документи со главните, веќе традиционални партнери, но и со нови, а кои се однесуваат на развојот на соработката со Кина. Вкупната вредност на потенцијалните инвестиции изнесува околу 30 милијарди долари”, рече Сечин.
Тој додаде дека „Роснефт“ во рамките на договорот со кинеската компанија „Chemchina” дополнително ќе испорачува 4 милиони тони нафта во Кина на годишно ниво. Освен тоа, оваа руска компанија потпиша во Пекинг спогодба за основните услови за купување 30% од акциите на кинеската компанија „ChemChina Petrochemical”.
Документите се потпишани во рамките на посетата на рускиот претседател Владимир Путин. Според зборовите на помошникот на рускиот лидер, планирано е потпишување на околу 30 договори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче