Русите го претставија проектот „Бушер-2“ во Иран

Претставници од „Росатом“ на семинарот во Техеран го претставија проектот за идната иранска нуклеарна станица „Бушер-2“, пренесува РИА „Новости“.

Претставници од „Росатом“ на семинарот во Техеран го претставија проектот за идната иранска нуклеарна станица „Бушер-2“, пренесува РИА „Новости“.

На семинарот од страна на Русија учествуваа претставници од неколку руски компании, а од иранска страна учествуваа членовите на парламентот, специјалисти од Одделот за нуклеарни апарати, како и претставници на надзорните органи и научните организации.

Претходно беше соопштено дека Русија и Иран планираат до крајот на оваа година да потпишат договор за изградба на два нови блока на иранската нуклеарна станица „Бушер“.

Изградбата на атомската централа во Бушер започна во 1974 година од страна на германскиот концерн Kraftwerk Union AG. Во 1992 година меѓу владата на Русија и Иран беше склучен договор за изградба на нуклеарна станица, а во 1995 година беше потпишан договор за завршување на изградбата на првиот реактор во станицата.  

Првиот реактор во станицата започна со работа во септември 2013 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња