Како се шегувал Пушкин?

Russia Beyond (Photo: Trifonov_Evgeniy, Corbis/Getty Images)
Од сите познати анегдоти за големиот поет што дојдоа до нас ги одбравме петте најефектни.

1. Не е пегаво

Портрет на И. И. Дмитриев, В. А. Тропинин, 1835.

Еднаш родителите на Пушкин ги посетил писателот и државен функционер Иван Дмитриев. Тој обратил внимание на витканата коса на десетгодишниот Пушкин и се пошегувал: „Види какво Арапче!“

„Барем не е пегаво врапче“, исфрлил малиот Пушкин како од топ. Работата е во тоа што Иван Иванович имал многу пеги на лицето.

2. Дељвиг на оној свет

Барон А. Дељвиг, литографија А. Мјунстер

Антон Дељвиг одел на училиште со Пушкин, а пред неговата смрт почнал да живее распуштен живот (заболел од тифус, од кој починал во 1831 година на 33-годишна возраст). Еднаш дошол пијан кај Пушкин и поетот долго се обидувал да го убеди својот другар да престане со пијанките, но Дељвиг на сите аргументи во очајно одговарал дека земниот живот не е за него, „а на оној свет ќе се поправиме“.

„Не треси глупости“, одговорил Пушкин. „Погледни се во огледало, со таква муцка нема ни да те пуштат на другиот свет!

3. Поетот и сонцето

Некој сакал да го збуни Пушкин, па во друштво го прашал: „Која е сличноста меѓу мене и сонцето?“ Пушкин за миг одговорил: „Човек не може да погледне ни во вас ни во сонцето, а да не се намурти“.

4. Болјарот Бајрон

Последниот портрет на Бајрон, Томас Филипс

На 19 април 1825 година се навршила една година од смртта на Џорџ Бајрон. Тој ден Пушкин му напишал на својот пријател Петар Вјаземски: „Синоќа нарачав литургија за упокојување на неговата душа. Мојот поп се зачуди што бев толку побожен и ми даде просфора извадена за упокојување на душата на слугата Божји болјарот Георгиј“. Селскиот свештеник не знаел дека „Бајрон“ е име, но мислел дека е „болјар“ (руски: „боярин“).

Како што наведува филологот Алина Бодрова, навистина биле отслужени литургии за упокојување на душата на „болјарот Георгиј“, и тоа дури две: „Во палавштините на Пушкин зеде учество и Ана Вулф, тригорската сосетка на семејството Пушкини, така што службата била изведена во храмовите на Триг<орски> и Вор<онич>“.

5. Приход од триесет и шест букви

Пушкин на бирото, 1936 Хартија, молив, јаглен, сликар Николај Уљанов

Пушкин се познавал со младите припадници на императорската гарда. Тоа биле млади луѓе од најбогатите семејства кои сакале да се пијанчат и да се забавуваат. Еднаш поетот поканил неколку гардисти во популарниот ресторан „Доминика“ и ги почестил. Додека се гоштевале, влегол грофот Завадовски и му рекол на Пушкин:

- О, Александар Сергеевич, се гледа дека сте полни со пари!

- Побогат сум од вас - рекол Пушкин. - Понекогаш мора да се стрпите и да чекате пари од своите имоти, а јас постојано имам приход од триесет и шесте букви на руската азбука (толку имало во руската азбука од царскиот период).

Познато е дека Пушкин можел брзо да го подмири својот долг кога ќе изгубел на карти. Во тие ситуации тој буквално преку ноќ ќе напишел извонредно книжевно дело и следното утро ќе го продадел на издавач. Речиси на ист начин (иако, не за една ноќ, туку за две утра) ја напишал поемата „Гроф Нулин“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња