Факт е дека Верешчагин се прослави како сликар на првенствено воена тематика. Меѓутоа, на неговите слики нема ниту масовни битки, ниту триумфални поворки, ниту победнички офицери. Така, на пример, тој не ја доловува „парадната“ страна на граѓанската војна во Туркестан, туку пред сé нејзините последици и сите ужаси скриени зад кулисите на славните победи. „Апотеозата на војната“ беше една таква слика. На рамката на сликата пишуваше: „Посветено на сите големи освојувачи, минати, сегашни и идни“. Уметникот ја замисли сликата како круна на неговиот туркестански циклус.
Но, кога ја претстави сликата во Петербург, жестоките дискусии долго време не престанувааа. Тоа беше сфатено како силен укор за империјалните аспирации на Русија, а официјалните власти го жигосаа творештвото на Верешчагин. Елитата од тоа време целосно ја игнорираше неговата работа. Сликарот тешко го поднесе тоа, па во моменти на нервен слом запали три слики од споменатиот циклус, кои исто така беа подложени на жестоки критики.
Сликата на Иљја Репин и ден-денес буди амбивалентни емоции. На изложбата организирана во руската престолнина во 2018 година, насловена „Во Москва. Во Москва. Во Москва“ (познатата реплика од „Три сестри“ на Чехов) на сликата налета извесен Игор Подпорин, невработено лице од Воронеж. Тој се обиде да ја уништи сликата, а кога го уапсија, своите мотиви тој ги објасни вака: „Многу ме револтираше сликата на тој Репин. Тука доаѓаат и странци, и кога ќе видат, што ќе помислат за нашиот руски цар? И за нас? Тоа е провокација насочена против рускиот народ за да се однесуваат лошо со нас“.
На сликата Иван Грозни го држи во раце својот син на умирање, кого наводно лично го убил. Во реалноста, историчарите всушност никогаш не дошле до податоци кои би ја докажале таа легенда, така што ова прашање отсекогаш предизвикува страсти. И додека едни тврделе дека прикажаниот настан не е веродостоен, други го обвинувале сликарот за непочитување на власта и за клевета.
Власта ја забрани сликата по првата изложба. „Денеска ја видов таа слика и не можеше да престане да ми се гади. Зачудувачки е колку уметноста денес е лишена дури и од најмалите идеали и колку е присутно само чувството на гол реализам и тенденцијата на критика и разкринкување“, вели во писмото до царот Александар III обер-прокуророт на Светиот синод на РПЦ Победоносцев.
Жанровските сцени од секојдневниот живот со деца, селани, сиромаштија, важат за најдобрите и најпознатите во творештвото на Маковски. Меѓутоа, сликарот бил сведок на еден од најстрашните настани поврзани со владеењето на царот Николај II. Бил сведок на трагичните настани на Ходинско поле што се случиле во масовна толпа за време на крунисувањето на Николај II во Москва во 1896 година.
Илјадници луѓе се насобрале на тоа место заради ветените подароци по повод крунисувањето, но се исплашиле дека нема да ги добијат и почнаа избезумено да се пробиваат до местата каде што ги делеле. Според официјалните податоци, во стампедото загинале 1389 лица.
Маковски бил многу потресен од тоа. Според првичната идеја, уметникот требало да направи слика по настанот, и по трагедијата го сторил тоа. Следните пет години работел на сликите „Ходинка“ и „По Ходинка. Вагањковски гробишта“. Сликите ги прикажуваат жртвите од трагичниот настан. „Ходинка“ била отстранета од изложбата на передвижниците во 1901 година по налог на цензурата. На сликарот му дале белешка од московскиот генерал губернатор: „Сè уште не е време за сликата, таа претставува сол на свежа рана“.
Сликата ја претставува сцената на судењето на Исус Христос од страна на обвинителот Понтиј Пилат, во моментот кога Пилат му го поставува на Исус прашањето кое останува неодговорено. За прв пат била изложена на изложбата на передвижниците во 1890 година, каде што предизвикала бурни реакции и била отстранета од изложбата по налог на Светиот синод на РПЦ.
Сликата, за несреќа, не била во согласност ниту со културно-црковната, ниту со сликарската традиција. Исус е прикажан во длабока сенка, додека фигурата на Понтиј Пилат е облеана со сончева светлина, што било во спротивност на древната традиција на прикажување на Исус како апсолутно светол човек. Исус е измачен и мал, безначаен во споредба со обвинителот. Сето тоа не само што не било прифаќано црквата, туку и од многу уметници. Колекционерот Павел Третјаков првиот пат одбил да ја купи сликата, но по наговор на Лав Толстој се предомислил.
Во XIX век вербата во црквата полека почнала да се доведува во прашање, а нејзиниот имиџ и служителите да се изложуваат на критика. Василиј Перов не бил исклучок. Според црквата, неговата „Литија“ прикажувала еден од најстарите црковни обреди наопаку, па така колоната на сликата не поаѓа од црквата, како што треба, туку од стара дрвена куќа околу која лежат тела на скитници, а пијан свештеник гази јајце, еден од симболите Велигден. Целата поворка е нескладна, а во очите на учесниците во литијата се гледа празнина.
Црковните власти ја окарактеризирале сликата како „неморална, безобразна и исмејувачка“ и се заканила дека ќе ја запали, обвинувајќи го сликарот за исмејување. Царот Александар II сакал да го испрати Перов во Сибир. Но, уметникот не се плашел од такво прогонство, бидејќи бил родум од Тоболск (Сибир). Меѓутоа, самиот факт на недвосмислено негативна реакција го прави делото една од најпровокативните слики на XIX век.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче