Руски уметник направи зимска Москва од... пластелин (ФОТОГРАФИИ)

Алексеј Микулин
Зaвеани улици, покриви со снежни капи, деца на лизгалиште. Нема дилема: ова е руската престолнина како што изгледаше некогаш!

Алексеј Микулин ги создава реоните и улиците на стара Москва со мноштво детали и ликови.

На пример, градските области на таканаречената Германска слобода, кои веќе не постојат. По нивните улици се движеле кочии, трамваи и автомобили, шетале старите московјани.

Второто дело на Микулин е посветено на зимската Москва и детството - „Сеќавање на Чистие Пруди“. Алексеј поминувал многу време на езерото, кое во текот на зимата стана лизгалиште. Еве уште неколку детали од неговите дела.

А кога веќе зборуваме за минијатури, еве начин како да посетите 25 руски градови а да не одите никаде од Москва! 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња