Кога Марија Черкашина од Санкт Петербург имала 13 години, се запрашала: „А во што е воопшто смислата?“ И тоа го нашла во верата во Бога. Сакала да чита за животот на светите старци и подвизите на светците. Во 11-то одделение веќе знаела дека сака да стане иконописец.
Додека студирала на Санктепетербушката уметничко-индустриска академија „Александар Штиглиц“, истовремено посетувала и настава во работилницата за иконопис.
„Сакав да го применам сето мое знаење на икони. На создавање хармонична композиција, пластични фигури и сложен колорит. Умешноста на работа со калапи, колосалното искуство на набљудување уметнички дела, па дури и баналната способност за организирање на работниот процес: сето тоа ми го обезбеди секуларното образование“, вели Марија.
Но, повеќе од сè ја привлекувала средновековната уметност. Нејзините бои, пропорциите, исполнетоста со смисла на Марија ѝ изгледале идеални. „До денес мојот главен извор на инспирација се западната и руската средновековна уметност. Јас, како Матис и авангардните уметници, сум вљубена во иконата. Мислам дека нејзиниот декоративен дводимензионален јазик е идеален за религиозната уметност!“, вели таа.
Марија сега има 35 години. И иако сонувала да ги слика иконите со бои, на крај се одлучила за техниката на везење: „Кога ги родив децата, целосно се префрлив на везење, бидејќи додека човек да ги распореди и измеша боите, детето ќе се разбуди. И работниот ден за вас е завршен. Додека везот може да се прави и лежејќи, и стоејќи, и во воз, па дури и додека си го доите детето“.
Иако за Марија везот е повеќе изнудена мерка отколку избор, таа сериозно му пристапува на секое дело. Пред да започне со работа, уметницата прегледува голем број модели и се обидува да внесе нешто ново во класичните примероци.
„Во везот на иконата на блажената Марија Дивеевска го вметнав ликот на Павел Филонов како условна ознака на земјата, бидејќи тие живееле во исто време, а и самиот Филонов бил чудак. Исто така особено барав орнамент од тоа време за сарафанот на светицата“, објаснува Марија.
Освен икони, Марија везе гоблеми и едноставни цртежи со религиозна тематика: храмови и портрети. Гобленот „Андреј Првозваниот“ го плетела додека одела на ликовната академија „Штиглиц“. Како прототип ѝ послужила фреска со тројца апостоли од италијански музеј.
А овие две дела претставуваат портрет на свештеник со омилен цитат од Евангелието и Фјодоровската црква во Царско село.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче