Во старо време накитот имал заштитна улога. Така било и во Русија. Украси се носеле на оние места на телото каде што виталната енергија е најранлива: каде што може да се почувствува пулсот. Такви се нараквиците на рацете, ѓерданите или украсните јаки, специјалниот женски накит што се носи на слепоочниците. Притоа, накит носеле и мажите и жените.
Почеток на XIII век, бронза
Музеи Московского КремляВо Стара Русија, нараквиците се нарекувале „обрачи“ (од зборот „рака“). Археолозите ретко наоѓаат нараквици во старите машки гробови, иако во аналите се споменуваат кнезови и болјари „со обрачи на рацете“. Обрачите се сметале за атрибут на власт, а за жените показател за богатство. Се правеле од кожа, во нив се втиснувале шари, или од цврст ремен обвиткан со тенка метална лента или, пак, од едно парче метал (бакар, бронза, сребро, железо и злато), па дури и од стакло. Имало и нараквици на преклопување - од две полукриви половини, поврзани со кожна или метална тока (таквите нараквици биле познати уште од времето пред монголската инвазија).
Гривна (од зборот „грива“ што значи „врат“), како специфичен машки украс, воините ја добивале од кнезот како награда и одликување (во X-XII век). Истовремено, гривни се пронаоѓаат и во словенските женски гробници, што значи дека тоа бил украс за двата пола. Се носеле со расклопени краеви кон напред или кон назад, нивните делови можеле да се превиткуваат и да се украсуваат со шари. Спирално завитканите гривни биле многу популарни. Ако гривната била тенка, на неа закачувале мониста, тркалезни плочки, странски монети или ѕвончиња.
Накитот за слепоочници бил главниот заштитен украс на Русинките, мажите не го носеле. Првиот накит од овој вид во вид на едноставни спирали потекнува од III-IV милениум п.н.е., а од IX век, комплицираните повеќеделни украси за слепоочници веќе станале типичен словенски женски накит. Се закачуваат на капа, за појас или лента од ткаенина што се обвиткува околу главата, се вплетуваат во косата, се закачуваат за ушите. Овој накит се изработувал од различни метали, но секогаш со голема умешност. Често се среќаваат алки со седум краци или зраци – имено, бројот седум уште од дамнина бил свет број меѓу Словените. Оригиналното име на овој украс не е познато.
XII век, сребро
Музеи Московского КремляОва е уште еден женски украс чие оригинално име е изгубено. Терминот „колти“ се појавил во XIX век меѓу историчарите. Станува збор за шупливи метални приврзоци, тркалезни, полукружни или во форма на ѕвезда. Тие се прикачени на капата, висат на „рјасни“ - синџирчиња со богато украсени алки.
Киев, XII век, злато
Музеи Московского КремляКолтите се покривале со орнаменти во различни техники (филигран, ниело, гравирање). Овој накит беше дел од свадбената церемонија, на колтите често се наоѓаат симболите на растот и плодноста: фиданки, дрвја. Се претпоставува дека во шуплините на накитот се вметнувале парчиња ткаенина натопени со мириси.
Главната функција на фибулата е да ја закопча облеката. Фибулата може да се користи за закопчување на наметка, мантил или кошула.
Скапите и убаво обликувани фибули служеле како украс, нивните задебелени краеви имале облик на растенија и животни.
И мажите и жените носеле прстени, и на десната и на левата рака. Историчарката Вера Бокова тврди дека девојките почнале да носат прстени дури по свршувачката - поради сексуалното значење на овој украс.
Крај на XVII век
Государственный историко-архитектурный и художественный музей-заповедник «Александровская слобода»Судејќи според археолошките наоди, обетките во старо време биле првенствено украс на машки воин. Се сметало дека тие го подобруваат видот, што било неопходно во боја. На машките обетки во Стара Русија им е посветен посебен текст на нашиот сајт. Секако, обетки носеле и жените, при што вообичаено било и на девојчињата да им се дупчат ушите уште во рана возраст, како што е случајот и денес.
XVII век, злато, скапоцени камења, бисер, стакло
Музеи Московского КремляПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче