Минирањето на храмот//Патријархот Московски и на цела Русија Кирил врши богослужба на Величетврток во Храмот „Христос Спасител“ (тронот од текстот)
Public domain; Сергеј Пјатаков/SputnikДонски манастир. За чудо сочуван длабок (висок) мермерен релјеф од разурнатиот Храм „Христос Спасител“. „Дочекот на Давид по победата над Голијат“, 1847-1849 година, скулптор А. В. Логановски.
Валериј Шустов/SputnikНа фасадата на храмот имаше распоредено 48 сцени во длабок релјеф на тема библиска и руска историја, како и прикази на светци чиј спомен се паѓаше во деновите на битките за време на Татковинската војна во 1812 година. Интересно е што содржината ја избрал лично свети Филарет, а повеќето од тие сцени во длабок релјеф ги направил скулпторот Александар Логановски. Неколку оригинални композиции и поединечни фрагменти веќе долга низа години се наоѓаат во Донскиот манастир во Москва. Таму во советско време беше Музејот на архитектурата.
Внатрешноста на храмот „Христос Спасител“ во Москва.
Владимир Федоренко/SputnikВо долната галерија на храмот, како и денес, имало плочи со имињата на хероите од војната во 1812 година. Во советско време тие имаа прилично прозаична примена - служеа за поплочување на патеките во паркот „Горки“ и декорирање на фасадата на Институтот за органска хемија на Академијата на науките. Остатокот беше свртен со натписот кон земјата и искористен за изградба на скалите во Третјаковската галерија. Музејот дозна за тоа дури во 1990-тите, кога започна реставрацијата. Плочите кои денес се останати недопрени се чуваат во Музејот на храмот.
Единствената икона од урнатиот храм е „Спас Неракотворен“, дело на иконописецот Евграф Сорокин. За чудо е зачувана бидејќи последниот настојник на храмот „Христос Спасител“ Александар Веденски ја изнел и сокрил во својата куќа. Денес се наоѓа во Спасо-Преображенскиот храм кој се наоѓа на долното ниво на комплексот на денешниот храм „Христос Спасител“.
Камбанаријата на Троице-Сергиевата лавра
Butsenin (CC BY-SA)Главната камбана тежела 26 тони и се верува дека била трета по тежина во Москва. Таа, како и другите камбани, исчезна. Во борбата против верските симболи, камбаните беа фрлани од камбанариите и кршени. Многумина се претопени. Денес од тој величествен ансамбл остана само една, тешка 850 кг, и се наоѓа на камбанаријата на Троице-Сергиевата лавра во Сергиев Посад кај Москва.
Г. И. Семирадски. „Тајната вечера", 1878, скица на фреската за храмот „Христос Спасител“ во Москва.
Руски музејРечиси четириесет иконописци учествуваа во сликањето на храмот „Христос Спасител“. Меѓу нив беше и Генрих Семирадски, мајстор за антички сцени. Тој ги наслика сцените од животот на свети Александар Невски и евангелските сцени „Крштение“, „Христово влегување во Ерусалим“ и „Тајната вечера“. Од последната, која предизвикувапе општо воодушевување, зачувани се само фрагменти кои сега се чуваат во Музејот на храмот. Може само да се претпостави колку таа сцена била импозантна. За ликот на Александар Невски зборувале дека личи на римски император, но за „Тајната вечера“ сликарот Иљја Репин напишал дека тоа е најдоброто што постои во храмот.
Четвртиот Вселенски собор во Халкидон, В. И. Суриков (1848-1916).
Руски музејВасилиј Суриков насликал четири фрески во храмот, од кои е зачувана само една, посветена на Четвртиот вселенски собор, на кој е усвоена догмата за Христовата божествена и човечка природа. Необичен факт е што со години не се изнесуваше од Москва - прво беше во Историскиот, а потоа и во Антирелигискиот музеј. Дури по војната беше пренесена во Ленинград, во Музејот на историјата на религијата. Постојат и првични скици на фреските - тие се наоѓаат во фондовите на Рускиот музеј.
„Еве човек“,
Public domainВо олтарот на храмот „Христос Спасител“ имаше огромни платна од Василиј Верешчагин: „Еве човек“, „Носењето на крстот“, „Молитва за путирот“, „Симнувањето од крстот“, „Распетие“ и „Положувањето во гробот“. Во наше време тие беа пронајдени во Казанскиот храм во Петербург, каде што се наоѓаше Музејот на историјата на религијата и атеизмот. Таму сликите со години чмаеја завиткани во ролни. По реставрацијата беа вратени на нивното историско место.
Денеска во главниот олтар има уште една зачувана светиња. Тоа е престолот на патријархот Тихон. Пред минирањето беше изнесен од храмот и пренесен во Ленинград, каде што се чуваше во Александро- Невската лавра, а во 2000 година беше вратен во Москва.
Симнувањето на спомен-плочата од храмот „Христос Спасител“
Public domainКога болшевичката влада одлучи да го уништи храмот, специјална комисија направи список на сè што требаше да се зачува. Одредени предмети беа преместени во музеи, на пример црковниот прибор, фрески и слики. Зачувани се фрагменти од барјаците. Пронајдени се во Казанскиот храм во Петербург и врз основа на нив се реконструирани современите барјаци. Некои предмети не можеше да ги уништи ниту силната експлозија. Една од нив е плочата за изградбата на храмот од 1839 година.
Сé што можеше да се искористи беше искористено во изградбата на новите објекти. На пример, мермерните плочи со кои беше украсена фасадата на храмот беа искористени, меѓу другото, и за изградба на метро-станиците „Кропоткинскаја“ и „Охотни Рјад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче